„…Колку длабоко само гревот ги пушта своите корени во срцето на грешникот и во сето битие негово.
Како тој само на грешникот му го дава својот вид, со кој работите ги гледа сосема поинаку отколку што се по својата природа , претставувајќи ги во привлечен вид.
Доколку, пак, и се сметаат за грешни, тие му се предаваат на адското очајание, кое разлива длабок мрак по нивниот ум и силно го огорчува нивното срце.
Кога би ја немало благодатта Божја, кој од грешниците би Му се обратил на Бога?
Зашто, својство на гревот е да нè помрачува и да ги врзува и рацете и нозете.
Но, времето и местото на делување на благодатта е само овде.
По смртта може да делуваат само молитвите на Црквата, впрочем само на покајаните грешници, т.е. на оние во чии души има приемчивост…
(Св. Јован Кронштатски – МОЈОТ ЖИВОТ ВО ХРИСТА изадок)