Како сиромашна девојка беше слугинка во куќата на еден Евреин во Солун.
Жената на Евреинот постојано ѝ се потсмеваше за нејзината вера во Христа и ја наговараше да се одрече од Него, а да оди во синагогата.
Но кротката Матрона ништо не ѝ одговараше на својата госпоѓа, а тајно Му се молеше на Господ Христос.
Еднаш Еврејката дозна дека кришум од неа Матрона отишла в црква, па сета во гнев ја запраша зошто не отишла во синагогата туку в црква.
Матрона ѝ одговори:
„Затоа што во христијанската црква живее Бог, а од еврејската синагога Он отстапи“.
Бесна заради овој мажествен одговор Еврејката ја натепа и ја затвори во една темна одаја, а уште и ја врза.
Но утредента ја најде одврзана со Божјата сила како клечи на молитва и Го фали Бога.
По ова уште на двапати Еврејката ја затвараше и ја мореше со глад додека слугинката не ја испушти душата.
Тогаш нечестивата жена го зеде телото на Светата девојка и од високо од нејзината куќа го фрли на земја.
Христијаните го зедоа телото и чесно го погребаа, а кога епископот Александар ги дозна многубројните чуда на Светата маченичка, на нејзиниот гроб подигна црква.
Злобната Еврејка наскоро ја постигна праведна казна: од истото место на куќата од коешто го фрли долу телото на Св. Матрона, таа се лизна, падна на калдрмата и намртво се разби.