Дали сакаш Бог да Ги заборави сите твои грешки и повеќе на нив да не се сеќава?

Да, сакам, ќе заплаче душата.

Тогаш, колку и да те разжалостиле твоите ближни, ти за тоа повеќе нема да размислуваш , ниту ќе се сеќаваш на тоа. Тоа е голема вистина .

Спрема тоа, кој и да се одалечи од целта , ќе направи многу и големи грешки во животот.

Ако ја примениме оваа светоотечка мудрост, ѓаволот веќе нема да има никаква власт над нас.

Да бидеме вниматели и да се прекоруваме себе си, за да не ја изгубиме својата цел и утре горко да се каеме. Мораме тоа да го имаме на ум и да да делуваме како да е ова нашиот последен ден.

Нашата цел е единствена:

да дојдеме на себе си ,

да ја согледаме сопствената вина ,

заради се да се прекоруваме,

да се осудиме самите себе,

себе да се сметаме за одговорни и виновни

и да не обрнуваме внимание за тоа дали е нашиот ближен крив или не !

Светите Отци велат:

„Ако сакаме да задобиеме мир, обидувајќи се да ги смириме другите , никогаш нема да го пронајдеме мирот.“

Со други зборови, доколку сакаме да стекнеме мир со тоа што ќе ги смируваме другите, никогаш нема да живееме во мир.

Човекот, значи, мора пред се да го најде мирот во себе, внатре во себе си.

„ Помири се со себе и со тебе ќе се помират и небото и земјата“, вели ава Исаак Сиријски.

Да го положиме ова длабоко во своите срца, зашто е тоа духовно богатство кое Светите Евангелија и светоотечките текстови ни го подариле за спас на нашите грешни души.

Старец Ефрем Филотејски и Аризонски

Преведе М. Даниловска

Претходна статијаЗА МОЛИТВАТА – Св. Игнатиј Брјанчанинов
Следна статијаНо, Крстот Христов ни е прва љубов; и последна! – Дедо Наум – КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА