82.
Зошто Гетсиманија и Голгота се неопходни за спасението на светот?
Судирот на Христа co светот е целосно непоимлив!
83.
Кога ги гледаме страданијата на милиони човечки битија, не можеме да останеме бесчувствителни.
Ha кој начин можеме да им помогнеме?
Според христијанскиот поглед на светот, оваа трагедија на земјата е последица на непослушанието.
Адам ја побара божествената состојба, вечниот живот, прекинувајќи ја врската co својот Отец и Создател. Христос – Човекот, прв во историјата на човештвото се искачи на Голгота; ја избра најмачната смрт, за да го избрише ова проклетство.
Да се реши некој да Го следи Христа, значи да се изложи себеси на страданија. Тоа е неизбежно!
Претпоставувајќи дека сме една клетка во големото тело на човештвото, од почетокот на создавањето на светот, и доколку животот на светот поминува во нас, ja живееме трагедијата на човештвото како наша трагедија.
84.
Читајќи го Евангелието, нѐ зачудуваат реакциите на Христа за сѐ што се случува околу Hero. Bo моментот кога Јуда оди да Го предаде, Он вели:
“Сега се прослави Синот Човечки”.
Во секоја Литургија го славиме токму овој момент, го повторуваме во нашата свест. Ако, непријателот нѐ зароби, за да нѐ убие, ќе бидеме ли и ние способни да кажеме:
“Сега и jac ce прославувам и Бог ce прославува низ мене!”
Сите го познавате ова собитие. Тоа е содржина на секојдневниот наш живот.
85.
Постојат многу чувствителни и интересни страни во нашиот живот.
Можеме, се разбира, да се лишиме од нив, ако се запреме на надворешните тешкотии.
За да го промениме нашиот живот, потребен ни е подвиг; потребно е да научиме да го пренасочуваме нашиот дух од општите и страсни работи кон Бога.
Така, нашиот живот може да стане многу интересен, макар и секогаш да е поврзан co некоја мачна усилба.
Токму co неа се изразува нашиот копнеж да Го следиме Христа.
86.
Многу е тешко да изразиме што значи “земете го вашиот крст и следете Me!”
Кога го претпочитаме Христа, треба да имаме на ум дека станува збор за љубовта на Отецот, за љубовта на Христа, за љубовта на Светиот Дух во овој свет што страда.
Пренесено од книгата “За духот и животот” од старец Софрониј (Сахаров)
Подготви Мина Даниловска