Духовното работење, коешто го извршувате во длабочините на вашата душа, да биде незабележливо!
Духовното работење, коешто го извршувате во длабочините на вашата душа, треба да се одвива тајно, да биде незабележливо, не само за другите луѓе, туку и за вас самите.
Сѐ што прави вашето добро „јас” треба да остане незабележливо за лошoто „јас”.
„Да не знае вашата лева рака што прави десната”. „Лева рака” е вашето противничко „јас”, кое, кога ќе дознае, расипува сè.
Противникот е нашето лошо „јас” (го кажуваме ова така, малку поучтиво).
Нашиот нов човек е во Христос, a другиот е стариот. Потребна е вештина, за да не биде информиран стариот човек. Потребна е вештина, а главно е потребна Божјата благодат.
Постојат некои тајни. Евангелието и Самиот Христос нè советуваат дека треба да преземаме некои работи, коишто ќе ни олеснат во нашата борба.
Затоа вели: „Да не знае твојата лева рака…”
На пример, сакате да вкусите некоја радост од Бога? Што е тајната тука?
И покрај тоа што верувате и ја барате тајната и велите „не може да биде поинаку, освен само ако ми ја даде Бог”, Он сепак не ја дава.
А причина за тоа сте самите вие. He дека Бог не сака да ја даде таа радост, туку целата тајна е во нашата едноставност и ненасилност.
Кога недостасува едноставноста, па велите „ќе го направам ова и Бог ќе ми го даде тоа што го барам, ќе го направам она, ќе направам ова…”, тогаш ништо не бидува.
Да, да го направам ова или она, но co толку голема тајност, едноставност и ненасилност, така што и самиот јас, кој го барам нештото, да не бидам известен.
Што и да правите, правете едноставно, благо и ненасилно. Немојте да правите ништо co некоја цел.
Немојте да велите „ќе направам вака, за да се дојде до тој резултат”, туку тоа што го правите ќе го правите просто, едноставно, без да знаете.
Значи, молете се едноставно и не размислувајте што ќе подари Бог во вашата душа. He правете пресметки.
Се разбиpa, знаете што ќе подари Бог во контактот co Hero, но ќе се однесувате како да не знаете. За тоа немојте да дискутирате ниту co себеси.
Така, кога се молите co молитвата „Господи Исусе Христе, помилуј ме”, кажувајте ја благо, ненасилно, едноставно и да не мислите на ништо друго освен на молитвата. Ова се многу деликатни работи и потребно е да продејствува Божјата благодат.
Вашето срце нека биде едноставно, а не дволично и неискрено. Нека биде благо, a не лукаво и себично. Едноставната и блага душа сите ја бараат и се успокојуваат крај неа, и се доближуваат без страв, без подозрение. А таа живее co внатрешен мир, има благ однос co сите луѓе и co сето создание.
Благиот, добриот човек, којшто нема лукави помисли, ја привлекува Божјата благодат. Главно благоста и едноставноста ја привлекуваат Божјата благодат. Тоа се претпоставките за да дојде Бог и „да си направи живеалиште” (спореди Јн. 10, 9 и 14, 23).
Но благиот човек треба да ги познава и лукавствата на ѓаволот и на луѓето, затоа што многу ќе се измачува. Инаку би требало да живее во заедница на ангели.
Божјото слово во Светото Писмо јасно ни зборува за едноставноста и благоста:
„Сакајте ја правдата, судии земни, co праведни мисли мислете на Господа, барајте Го co душевната чистота на своето срце. Hero Го наоѓаат оние што не Го искушуваат; не им се јавува Тој на оние што не веруваат во Hero. Зашто лажните умувања оддалечуваат од Бога, а искушувањето на Неговата сила ги посрамува безумниците. Во лукава душа мудрост нема да влезе и нема да престојува во тело што му робува на гревот” (Мудр. Сол.1, 1-4).
Едноставност и благост. Тоа е најважното за да ја стекнете. Божјата благодат.
Колку ли само тајни има во Светото Писмо!
„Лукавата душа” е лошо изградената душа, што произведува зло. Bo таква душа ниту влегува, а уште помалку живее Божјата мудрост.
Божјата благодат не влегува таму каде што има разврат и лукавство.
старец Порфириј Кавсокаливит