Вие се секирате и натажувате кога другите не се добри, а всушност треба да се предавате на молитви, за да дојде посакуваното преку Божјата благодат.
Вие укажувате co вашата мудрост, но тоа и не е толку правилно. Тајната е во друго, а не во тоа што ќе кажеме, односно што ќе им укажеме на другите.
Тајната е во нашата посветеност, во нашата молитва кон Бога, за да завладее кај нашите браќа она што треба преку Божјата благодат. Тоа е.
Она што ние не можеме да го направиме, ќе го направи Неговата благодат.
Прво место во мојот живот има молитвата. He ce плашам од пеколот и не мислам на рајот. Од Бога единствено барам да го помилува целиот свет и мене.
Ако ја кажувам молитвата „Господи Исусе Христе, помилуј ме” интензивно, дури и кога имам луѓе, јас не се одделувам од молитвата. Исто е.
Се молам, ги примам сите co Христов Дух и расположен сум да се молам за целиот свет. Се трудам да Го возљубам Христос. Тоа е мојот стремеж. Поради многуте мои болести, не можам многу да зборувам. Меѓутоа, повеќе помага молитвата отколку зборовите.
Се молам за вашите проблеми, но тоа не е доволно. Мојата молитва треба да наиде на одговор и од ваша страна. Бог, Кој ни ја испраќа Својата благодат, треба да ја најде нашата прегратка отворена, за таа да ја прими благодатта.
И сè што ќе дозволи Он, ќе биде за наша душевна полза. Меѓутоа, да не биде ние се молиме, a вие спиете.
Често ме обвинуваат, но јас „како глув не слушам и како нем не ја отварам својата уста” (Пс. 37, 14).
Што вели апостолот Павле во своето послание кон Римјаните? „А Оној Кој ги истражува срцата, знае каква е мислата на Духот, бидејќи Он според Божјата волја посредува за светите” (Рим. 8, 27).
Молете се за очистувањето на секој човек, за да го подражавате ангелскиот начин во својот живот. Да, ангелите не се молат за себеси.
Јас така се молам за луѓето, за Црквата, за Телото на Црквата. Кога се молите за Црквата, вие се ослободувате од страстите. Кога славословите, вашата душичка омекнува и Божјата благодат ја осветува. Оваа вештина сакам да ја научите.
Бог сака да се уподобиме на ангелите. Ангелите само Го славословат Бога. Тоа е нивната молитва, само славословие. Славословието е деликатна работа, која го надминува човечкото.
Ние сме многу материјални и приземни луѓе, па затоа My ce молиме на Бога себично. Го молиме да ни ги регулира нашите проблеми, да работат добро нашите продавници, нашите работи, нашето здравје, нашите деца.
Меѓутоа, се молиме човечки и co себичност. Славословието е несебична молитва. Ангелите не се молат за да добијат нешто. Тие се несебични.
Бог и нам ни ја дал таа можност, нашата молитва да биде непрестајно славословие, ангелска молитва. Тука се наоѓа големата тајна.
Кога ќе влеземе во таа молитва, ќе Го славиме Бога постојано, сè препуштајќи My Нему, како што ce моли нашата Црква: „…сиот наш живот на Христа Бога да My го предадеме .
Тоа е „вишата математика” на нашата религија!
Пренесено од книгата старец Порфириј Кавсокаливит”