Свети Григориј Богослов

МИСЛИ  напишани во по четири стиха

Јас сум делото на трудот Григориев, и во духовни изреки го сочувувам овој четворостиховен памјатник на мудроста.

1. На што ќе му оддадеш поголема почит – на дејателниот, или на созерцателниот живот? Во созерцанието можат да се вежбаат совршените, а во дејателноста многумина. Вистина е, дека и едното и другото се добри и пожелни; но ти, за она за што си способен, кон тоа особено тежнеј.

2. Некој од мене бараше решение на прашањето за нешто духовно. Во ред, одговорив јас, доколку ја имаш од себе измиено скверната. Зашто ти веќе имаш целомудрен ум. – Ако си ја измил од себе минатата скверност; потребно е и сега да се очистиш. Во засмрден сад не се ставаат на чување благомирисни масла.

3. Не му се противи на секој збор, но кон секој и не приклонувај се; туку знај, на кој и кога да му се воспротивиш, или приклониш. Подобро биди приврзан кон Бога, отколку да се залагаш за некое учење за Бога. Секој збор со збор може да се оспори; но животот со што ќе го оспориш?

4. Или сосем не поучувај, или поучувај на добар живот. Инаку со едната рака ќе привлекуваш, а со другата ќе одбиваш. Не ќе имаш многу потреба од зборови, ако го правиш она што е потребно. Живописецот подобро поучува со своите слики.

5. Особено вам, служители во олтарот, ви советувам да не бидете со око исполнето со темнина, за да не се покажете првенци во порочниот живот. Зашто, ако светлоста е темна; каква ли би била самата темница?

6. Безгласното дело е подобро од неисполнетиот збор. Никој никогаш не постанал возвишен без добри дела, а мнозина се прославиле и без никакви зборови. Благодатта му се дава не на оној, кој благоглаголи, туку на оној, кој добро (целомудрено) живее.

7. Најдобар дар на Бога е добрата нарав. Кога и сѐ би Му принел Нему; сепак ништо достојно не би Му принел. Принеси го она, што го дава и бедниот. Чистиот не се смета себеси поскапоцен од цената на блудницата.

8. Ништо не Му ветувај на Бога (Еклисиаст 5,4), па и најситното нешто; зашто сѐ е Божјо, уште пред и да постане твое. И што уште би рекол? Не давајќи го ветеното, ти истото го крадеш од самиот себеси. – Каков, пак, необичен долг на себе примаш? Да ти поверуваат во тоа Ананија и Сапфира.

9.  Сегашниот живот сметај го за пазариште. Ако се впуштиш во трговијаː тогаш ќе бидеш во добивкаː зашто во замена за малото ќе добиеш големо, и за брзоминливото – вечно. А ако ја пропуштиш можноста; друго време за ваква размена веќе не ќе имаш.

10. Тебе ти предстои долг пат, но и уште поголема награда. Претставувајќи си го одеднаш сиот труд, не откажувај се од сѐ. Ни морето, сето, не би го препливал одеднаш. А ова не ретко се случува и заради искушение на ненавидникот.

11. Немој премногу да се обнадежуваш, но немој ни сосем да ја губиш надежта. Едното раслабува, другото во очај тера. Во некои работи ќе имаш успех, во други биди истраен; недовршеното нема да го направи бесполезен трудот на патот од тебе завршен.

12. Не зафаќај се грозничаво за сѐ, туку држи се за она што си го избрал. Подобро зголемувај го доброто, одошто нешто во него да намалуваш. Не ги нарекуваме лоши оние, кои стојат ниско, туку оние, кои високо воздигнувајќи се, ниско паѓаат.

13. И од мала искра се разгорува голем пламен; и ехидините боцки не ретко биле пагубни. Знаејќи го ова, одвраќај се од она што чини и мала штета. Сега штетата не е голема, но со време ќе стане огромна.

14. Разгледувај се повеќе самиот себеси, одошто делата на ближните; првото ти носи полза на тебе, а второто на ближните. Подобро е да се води сметка за своите дела, отколку за парите; вторите се арчат, а првите се трајни.

15. Твојот ум непрестајно нека се труди, втиснувајќи ги во себе божествените мисли и живототворните зборови. Со јазикот, пак, биди скржав; зашто тој често е способен да нанесе штета, и што повеќе се движи, помалку полза донесува.

16. Ме соблазнуваше гледањето, а јас сепак се воздржав, и не поставив во себе кумир на гревот. И кумирот беше поставен; но ги избегнав искушенијата. Сето ова се степени на нашата борба со злонамерниот ненавидник.

17. Затнувај ги со восок ушите од гнилежните зборови и од непристојните завивања на сладострасното пеење. А слухот отварај го за сето она што е добро и убаво. Меѓу зборот, слушањето и делото растојанијата не се големи.

18. Не знесувај се прекумерно во пријатноста на мирисите, во мекоста на допирот и во вкусот. Ако им го отстапиш влијанието врз тебе, ќе можеш ли да произведеш нешто мажествено? Меѓусебно различни задоволства им доликуваат на жените и мажите.

19. Стомакот велиː дај – со задоволство ќе ти дадам, ако, примајќи го бараното, го сочуваш целомудрието. Ако истото му го жртвуваш на ниското; тогаш прими од мене кал, но и неа не во изобилство. Кога ќе постанеш воздржлив, тогаш ќе ти дадам и во изобилство.

20. За луѓето кои здраво размислуваат достојно за потсмев е, како воопшто секое смеење, така уште повеќе разблудното смеење. Неумереното смеење доведува до солзи,. Подобро е да се биде натмурен, одошто расеан.

(превод од рускиː М.З.)

Изворː ДОМОСТРОЈ, РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО ’95 бр. 11/12

Подготви С. Трајчева

Претходна статијаСпомен на свети Григориј Богослов
Следна статија„Денес дојде спасението на овој дом“!