Клитос Ј.: Какви лични особености пројавуваше старецот?

о. Георгиј Е.:

Bo животот на блажениот старец се пројавија цртите што се заеднички за сите светители на нашата Црква. Сепак, забележливо е дека постојат и особености што го издвојуваат како личност, сходно на духовниот закон одамна препознат од Црквата – дека благодатта Божја го осенува човекот, го просветлува и го насочува, но не го прекрива.

Оттука, секој светител на нашата Црква си ги задржа и посебните својства на својата личност. Можам да зборувам за љубовта на старецот кон Бога и кон луѓето од моите лични доживувања.

Љубовта кон Бога кај него беше ‘co сето срце’. Co целото свое битие Го љубеше Бога и верно My го предаде сиот свој живот. Од таа негова љубов кон Бога, што му го беше проголтала срцето, извираше и љубовта кон луѓето, чиј сведок и самиот бев честопати.

Паметам како co беспримерна љубов и трогателна нежност во тешките ситуации кога му ги изнесувавме проблемите што нѐ тиштеа ги прифаќаше секогаш co многу разбирање и сострадание. Ги земаше самиот овие проблеми на себе, се молеше силно и заедно co нас се бореше за нивниот добар исход.

Нема никогаш да ги заборавам некои нему својствени телефонски повици – зашто, како што Ви спомнав, ја извршуваше пастирската служба и no телефон – во мигови критични и навистина тешки за мене.

Уште ништо не сум му кажал за моjата неволја, a тој ми се јавува по телефон – и тоа во неверојатно време, еднаш, се сеќавам, во шест часот наутро – ме прашува за проблемот co којшто се соочувам и ми дава значаен совет.

А неговиот збор дејствува како балсам, и истовремено служи како катализатор за соочување co конкретната ситуација. Илјадници луѓе што го познаваа старецот Порфириј имаат сигурно многу да кажат за оваа негова љубов.

A ce одликуваше и co крајно смирение. Па така, иако ја поседуваше мудроста одозгора, секогаш велеше:

„Вие имате дипломи, вие знаете. Јас сум неписмен.” И се самоунижуваше и се самоукоруваше, што е природно за еден смирен човек, нешто што секогаш го среќаваме кај светителите на нашата Црква.

И да не должам, друга особеност на блажениот старец беше едноставноста, за којашто човек не можеше да не е постојано свесен. Живееше смерно, во крајно скромно живеалиште.

Беше совршено едноставен во односите co луѓето, многу приемлив, сите ги примаше без никого да одбие. Ова беше една особина што го „кршеше мразот” и создаваше пријатни предуслови луѓето да му се приближат, да му ги исповедаат своите гревови, да му ги кажат нивните неволји и да го најдат излезот од нив.

Една од најважните негови особености беше расудувањето, коешто Светите отци го сметаат за ‘најголема од сите добродетели’. Расудувањето е поврзано co начелото на личносниот пристап.

Така, за старецот Порфириј секој човек, како чедо Божјо, поседуваше апсолутна вредност. Секого го гледаше и го сметаше за единствена и неповторлива личност и co секој поединечен проблем на конкретниот човек се соочуваше сходно на посебните својства на личноста.

Затоа, многупати на двајца луѓе коишто на прв поглед го имаа истиот проблем, старецот им советуваше различни нешта, зашто претпоставките кај секого беа поинакви и секому од нив му беше потребен поинаков лек за надминување на истиот проблем.

Заради ова, често ни велеше:

‘Toa што ви го кажувам не кажувајте им го на другите, зашто тоа се лекови што одговараат за вас, за вашата ситуација. Истите работи кај другиот, дури надворешно и да ги има истите симптоми како вашите, нема да ги донесат истите благотворни резултати’.

Kлитоc J.:

Ha едно место од нашиот разговор го допревте и дарот на проѕорливост. Отец Георгиј, можете ли да ни принесете сведоштво и за ово] дар на старецот, кога веќе толку природно ги спомнавте оние негови телефонски повици?

о. Георгиј Е.:

Тој негов дар беше очигледен. Можеше да се забележи co голо око.

Бог поседува сѐ и Тој ги украсува и ги дарува избраните слуги Свои co овие дарови. A тие дарови се отповикливи и во исто време тие се крст.

Имено, да се сочуваат овие дарови значи да се има живот во постојана будност, интензивна духовна борба, co многу искушенија и испитувања, зашто опасноста од отпаѓање постојано демне, ако се падне во вообразеност и гордост.

Сите овие дарови што му ги беше дал Бог, старецот Порфириј не ги користеше за да ги импресионира луѓето или за да искористи нешто за себе, туку co расудување и според ситуацијата, секогаш гледајќи на целта: луѓето да се спасат, а Бог да се прослави.

Како вистински човек Божји старецот Порфириј беше православен христијанин и немаше ништо заедничко co познатото манихејство на материјалистите или co крајните спиритуалисти.

Овој човек ја живееше вистината на Црквата, му беше многу јасно дека човекот е психосоматско битие, што има духовни, но и телесни потреби – никогаш не ги потценуваше едните или другите – и секогаш им помагаше на луѓето имајќи го овој пристап.

Ова е факт co голема вредност, зашто е место на коешто се сопнуваат многумина. Тоа што поголемиот број од т.н. духовни луѓе не паѓаат во стапицата на материјализмот, произлегува од неговата очигледност и забележливост и co голо око, та затоа тој лесно може да се избегне.

Ho многумина паѓаат во стапицата на крајниот спиритуализам, кој е едно манихејство, учење што нема никаква врска co учењето на Црквата. Оттаму, ги потценуваат материјалните или телесните потреби на човекот, a тоа предизвикува страшни проблеми за севкупниот човек.

Сите знаеме дека човекот е составен од тело и од душа, знаеме за взаемното влијание што постои меѓу овие два составни дела на човекот и за тоа дека телесните проблеми влијаат врз душата и обратно.

Така, старецот Порфириј, co нему својственото расудување, се соочуваше co целата личност и нејзините проблеми. He потценуваше никого и секому му го даваше потребниот совет.

Клитос Ј.:

Можете ли, отец Георгиј, да ни дадете некои примери за него, кога толку добро го опишавте?

о. Георгиј Е.: Да речеме, нѐ советуваше и во кој предел да си ја градиме куќата. На каде треба да биде свртена за да ја грее сонцето во текот на целиот ден. Како треба да го решиме затоплувањето дома… Или нѐ советуваше и за прашањата на диетата и на исхраната.

Пренесено од книгата “Старец Порфириј” Книга 1 од Клитос Јоанидис

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаДА И’ ДАДЕМЕ ПРЕДНОСТ НА ДУХОВНАТА УБАВИНА НА ДУШАТА!
Следна статија„Станете свети и вашите деца ќе бидат добри”! (За Старец Порфириј)