Светскиот дух

ЃАВОЛОТ ВЛАДЕЕ CO СУЕТАТА

Старче, зошто ѓаволот се нарекува кнез на овој свет. Навистина ли е така?

Уште тоа ни недостасува, ѓаволот да владее co светот!

Кога Христос рекол за ѓаволот кнезот на овој свет /Јн. 16, II/, не мислел на тоа дека ѓаволот владее co светот, туку дека владее co суетата, лагата. Инаку, зар Бог би дозволил ѓаволот да биде „светодржител”!

Секој што своето срце и’ го предал на суетата, онаа, светската, се наоѓа под власта на световните управители на темнината на овој свет /Еф 6,12/. Односно, ѓаволот владее co суетата и co луѓето поробени од суетата, co свeтот.

Што значи – kosmo- (грчки: свет, но и украс, накит)? He значи ли накит, суетен украс?

Значи, оној што е обземен од суетата, се наоѓа под власт на ѓаволот. Срцето поробено од суетниот свет, и душата ја држи раслабена, и умот помрачен. Тогаш, иако некој изгледа како човек, во суштина е духовен изрод.

Помислата ми говори дека духот на овој свет е поголем непријател на нашите души, поголем дури и од ѓаволот, затоа што прво нѐ привлекува co својата сласт, а накрај засекогаш нѐ исполнува co горчина.

Кога само би го виделе ѓаволот, би се уплашиле, би биле принудени да прибегнеме кон Бога и така би си го осигуриле рајот. Во наше време многу „украси”, – на светскиот дух, – влегоа во светот и тие „украси” ќе го уништат. Луѓето ги сместиле во себе тие „украси”, бркајќи го Христа од себе.

Старче, како не сфаќаме колку зло ни носи светскиот дух и зошто не се оддалечуваме од него?

Затоа што светскиот дух влегува пополека, како што влегува ежот во леглото на зајакот. Ежот прво го замолил зајакот да ја засолни својата глава во неговото легло за да не се изводени.

Потоа ја вовлекол едната нога, а потоа и другата. Накрај влегол целиот и co своите боцки го избркал зајакот надвор.

Исто така, и светското расположение нѐ обзема coситни отстапки и полека почнува да владее co нас. Злото напредува малку no малку. Кога би настапило наеднаш, не би се излажиле.

Ако сакаш да одереш една жаба, треба пополека да тураш топла вода на неа. Ако туриш наеднаш, ќе скокне и ќе побегне; ќе се спаси. Но ако тураш по малку, во почетокот жабата ќе ја истресува од својот грб, а после ќе ја прифати.

Ако туриш уште малку, прво и тоа ќе го истресе, но постепено ќе почне да се дере, а нема ни да го сфати тоа.

„Мори, жабо, кога веќе си потурена co малку врела вода, стани и бегај!” Ho, жабата не бега. Се дуе, се дуе, а потоа ќе се олупи.

Исто така прави и ѓаволот. Hѐ дере малку по малку и, накрај, ќе нѐ одере, а за тоа не сме биле ни свесни.

Старец Пајсиј

Претходна статијаБог не допушта искушение од кое не произлегува некое добро!
Следна статијаДА И’ ДАДЕМЕ ПРЕДНОСТ НА ДУХОВНАТА УБАВИНА НА ДУШАТА!