Панајотис C.:
Основниот и голем подвиг на старецот Порфириј, покрај самоунижувањето, бдеењето и постот, беше молитвата. Токму прекy молитвата можеше да ги види минатите состојби, сегашните, оние во развој и идните.
Еден професор од Техничкиот факултет кога требаше да оди на некој европски конгрес, отиде прво да земе благослов од старецот; зборуваа за некои прашања од астрономијата. И како што ни потврди професорот, старецот му кажал co што ќе се сретне на конгресот и како би требало да постапи.
Професорот толку многу се потресе кога во текот на конгресот виде дека се потврдува тоа што претходно му го имаше кажано старецот, што кога се врати не само што стана нajсмирено духовно чедо на старецот Порфириј, туку и редовно одеше во манастирот во Милеси да помага co својот телесен труд, сакајќи да се смири.
Кај старецот доаѓаа луѓе не само од Грција туку од целиот свет, дури од Јапонија.
Доаѓаа и му го изложуваа својот проблем, целиот неспокој и сè друго што имаа во себе. И на сите им помагаше co многу љубов, смирение, кроткост и co молитва; пред сè co молитвата.
Bo еден наш разговор – имав благослов да го слушам повеќепати – ми имаше кажано:
„Постојат старци кои кога ќе ги рашират рацете на молитва можат да ја покријат цела Грција”. Се разбира, без да каже дали тоа што го кажа се однесува на него или на некој друг.
Клитос Ј.: Секојпат кога се среќавав co старецот Порфириј чувствував дека разговорот co него беше своевиден духовен празник.
А тоа што ми оставаше најголем впечаток беше слободата што му ја оставаше на соговорникот.
Во неговото лице ја гледав воплотена сета слобода на Православието.
Пренесено од книгата “Старец Порфириј” Книга 1 од Клитос Јоанидис
Пидготви Мина Даниловска