Преподобен Јоаникиј се родил во Охрид, на 7 јануари 1847 година, а на крштението го добил името Јован.

Монашки потстриг примил на 17 јануари 1873 година, во манастирот „Свети вмч. Пантелејмон“, Нерези, со името Јоаникиј.

Година и половина по замонашувањето преминал во манастирот „Свети Илија“, село Бањани, а во 1874 година останал во братството на Марковиот манастир, за најпосле да се насели во селото Ракотинци и таму да го обнови манастирот „Свети Илија“.

Како најобразован во тоа време, во 1896 година подигнал и основно училиште за деца.

Живеел во исклучително тешко време, за време на турското владеење, Балканските и Првата светска војна, со тешки искушенија и притисоци, и сенародно страдание. Во 1913 година бил произведен во игумен, а во 1935 година во архимандрит.

Се упокоил на 24 јануари 1940 година.

 

Икос 4

Огнено пребивајќи во молитва, го предвкуси Рајот. Со духот, ревноста на Илија ја надминуваше, и смирено пред славниот пророк, своите молитви ги приклонуваше. Без зборови проповедаше, и со подвизите воспитуваше. Твојата ревност на Бога Му омиле, па затоа твојата вера со оган ја испита и твојата љубов пред тешки искушенија ја постави. Гледајќи на твоите подвизи, и ние извикуваме вака:

Радувај се, на нашето време огнен пророку!

Радувај се, на Илија соподвижнику!

Радувај се, саду на Божјата благодат!

Радувај се, пребивалиште на Божјата милост!

Радувај се, на Рајот предвкусувачу!

Радувај се, неглаголив проповеднику!

Радувај се, Христов молчанику!

Радувај се, Божји избранику!

Радувај се, со покајно крштение се удостои!

Радувај се, низ солзите до небото се искачи!

Радувај се, преподобен отче Јоаникие, ракотински чудотворче!

Претходна статија31 Недела по Педесетница – Исусе, помилуј ме! За жал, вакви сцени и денес се повторуваат безброј пати
Следна статија32. Недела по Педесетница (цариниците Закхеј)