Светите отци на Црквата, толкувајќи ги деловите од Светото Писмо за вистинското и духовно обрезание, коешто е христијанското крштение, прикажуваат чудесни теолошки вистини.
Свети Епифаниј учи дека обрезанието на плотта го подготвуваше и му служеше на човекот до Крштението, коешто е големото обрезание, бидејќи преку него се ослободуваме од гревовите и се запечатуваме co името Божјо.
Запечатувањето co името Божјо е признание дека My припаѓаме на Христа.
Свети Јован Златоуст вели дека ако плотското обрезание ги одделуваше Израелците од јазичниците, тогаш многу повеќе тоа се врши co светото Крштение, бидејќи преку него се разликуваат верните од неверните.
Овде се гледа дека верни се нарекуваат оние кои се крстиле и коишто ја разгоруваат благодатта на Крштението.
Според учењето на свети Кирил Александриски, старозаветното обрезание не ја отстрануваше смртта, нешто што се случува co новозаветното обрезание. Навистина, човекот влегувајќи во Црквата преку Крштението, станува член на воскреснатото тело Христово.
На тој начин се уништува духовната смрт и постои потврда за воскресението на мртвите. И покрај тоа што и по Крштението останува телесната смрт, сепак тоа се случува во функција на укинување на гревот.
Свети Јован Дамаскин учи дека обрезанието е отфрлање на телесните задоволства и на излишните и непотребни желби. Овде се гледа дека Крштението се поврзува co аскетскиот живот, преку кој човекот се ослободува од власта на страстите. He ce работи за отфрлање и отсекување на телото, туку за отсекување и преобразување на желбите на душата.
Bo учењето на свети Максим гледаме дека обрезание се нарекува отсекувањето на острастената врска на душата кон телото. Душата co телото имаат врска и единство. Меѓутоа, не се работи за тоа, туку за острастената врска, т.е. за врската помеѓу душата и телото преку страстите.
Зборовите на светите отци покажуваат дека новозаветното обрезание е внатрешно, духовно, тоа е заедница на човекот co Бога и труд за зачувување на таа заедница.
Bo Стариот завет Бог го даде Својот закон за да го подготви народот за дочекувањето на Христа. Евангелистот Јован, во прологот на своето евангелие вели:
„Законот беше даден преку Мојсеј, a благодатта и вистината произлегоа од Исуса Христа” (Јн. 1, 17).
Воплотениот Логос му го даде Законот иа Mојсеј, за да го исцели народот за дочекувањето на вистината и на благодатта што дојде во светот преку воплотениот Логос Божји, т.е. преку Христа.
И Мојсеевиот закон, како и обрезанието, имаше благодат, но таа беше енергија и благодат Божја што исчистува, а не што просветлува и обожува.
Преку Христа го стекнуваме духовното раѓање и вистинското посиновување. Евангелистот Јован ќе нагласи:
„А на сите што Го примија – на сите што поверуваа во Неговото име – им даде можност да станат синови Божји, кои не од крв, ни од похот машка, а од Бога се родија” (Јн. 1, 12-13).
Луѓето co обрезанието стануваа добри Израелци, избран народ Божји. Co Крштението и воопшто co животот во Христа, луѓето стануваат деца Божји, го стекнуваат посинувањето по благодат и ја победуваат смртта.
Според тоа, обрезанието Христово нам ни укажува на обрезанието на срцето. Co светотаинскиот и аскетскиот живот стануваме членови на телото Христово.
Слегувањето Христово станува издигнување за нас.
Пренесено од книгата “Господовите празници” од Митрополит Јеротеј (Влахос), 3. Обрезание Христово, ‘Ж’, стр. 49-51
Подготви Мина Даниловска