Архимандрит Георгиј Капсанис:
КОЛКУ ШТО ОДИМЕ ПОБЛИСКУ ДО ХРИСТОС, ТОЛКУ СТАНУВАМЕ ПОБЛИСКИ МЕЃУ СЕБЕ
Извадок:
Која е смислата на бракот и која е неговата цел според денешното општество, но и според нашата Црква?
Според општеството, вие кои живеете во светот знаете подобро од мене. Според Црквата, ова е голема Тајна, а jac ви зборувам за Христос и за Црквата.
Црквата, апостолот Павле, Божјото слово сакаат бракот да не биде обичен општествен договор и биолошки настан, туку да биде и духовен настан, па да им помага на лугето во нивното духовно восовршување.
Тоа е една од кожните облеки, со кои Бог го облече човекот по падот, заради утеха во неговото прогонство и во неговата смртност. Значи, бракот е свештена институција, благословена од Бог, кoja им помага на лугето да ja живеат тајната на љубовта.
Затоа светиот Јован Златоуст бракот го нарекува тајна на љубовта. Во тоа психосоматско единство луѓето учат да го надминуваат нивниот егоизам, односно јас и ти да стануваат ние.
Потоа, да можат да се љубат еден со друг, едниот да му се принесува на другиот, едниот да има трпение кон другиот и да се жртвуваат еден за друг, така што таа љубов помеѓу двајцата сопружници, како што минува времето, да станува посовршена, поисполнета и позрела.
Во бракот брачните христијани треба да созреваат, со текот на времето и да постигнуваат поголеми степени на љубов, која нема да биде само телесна, туку ке биде и духовна.
Таа љубов полека-полека да се проширува и на оние вон семејството, односно во почетонот на децата кои ќе дојдат на свет, а потоа да излегува од семејството и да го прегрнува целиот свет.
Ние правоспавните христијани треба да внимаваме, затоа што дури и во таа семејна љубов може да има егоцентризам, ако ги љубиме само оние кои се во четирите ѕидови на нашиот дом.
Тоа е демонска љубов.
Ние го љубиме нашиот животен другар и нашите деца, за потоа да можеме да го возљубиме целиот свет. Значи. љубовта почнува од семејството, но не завршува во семејството, туку треба да биде севкупна (соборна) љубов за сите луѓе.
Господ вели: “возљуби го својот ближен како себеси”. Ако не го возљубиш својот ближен, а во случајов сопругот или сопругата, децата, родителите и браќата, тогаш како ќе ги возљубиш подалечните?
Ги љубиш блиските за да ги љубиш и далечните.
Не ги љубиш блиските за да останеш само на тоа, затворен во една семејноцентрична љубов, како што видов дека се случува во Америка, каде што луѓето навистина го љубат семејството, но само заради себеси.
За нас, семејството постои за да биде мост кој ќе не’ одведе во љубовта кон Бог и кон сите луѓе.
Бракот е Света Тајна. Старче, што е Света Тајна?
Светата Тајна, техничкиот термин „Света Тајна”. значи дека дарот се дава со видливо нешто, но она што се извршува, односно соединувањето на мажот и жената, е невидливо (духовно). Целата Црква е Света Тајна на Богочовечко соединување и заедница.
Моменти на таа единствена Света Тајна на Црквата се таканаречените седум Свети Тајни преку кои се означува Црквата, според светиот Никола Кавасила. Значи во нив се пројавува Црквата, Црквата се реализира како заедница на Бог и луѓето, и се дава благодатта на Светиот Дух.
Според тоа, и бракот е Света Тајна на соединување на сопружниците во Христос и во Црквата. Соединувањето на сопружниците не е само помеѓу нив, туку е вo Христос и вo Црквата.
Светата Тајна Брак го осветува тоа соединување и го прави црковна Света Тајна.