Поуки од старецот Гавриил

Љубовта е над сите канони и устави. Ако мразиш дури и само еден човек – ти си одвратен пред Бога. Треба да ги сакаме сите.

Ho ако не можеш, барем на сите посакувај им добро. Во последните времиња луѓето ќе се спасуваат co љубовта, смирението и добрината. Добрината ја отвора вратата на Рајот, смирението воведува внатре, a љубовта Го покажува Бога.

Bo последните времиња приврзаниците на антихоистот ќе одат во црква, ке се крстат и ќе ги проповедаат евангелските заповеди.

Ho не им верувајте на оние, кои немаат добри дела. Само по делата може да се препознае вистинскиот христијанин.

Ти не осудувај, судија e самиот Бог. Оној кој осудува, како празен клас од пченица, кој секогаш има крената глава и кој затоа секогаш гледа на другите одозгора надоле.

Ако видиш убиец, или блудница, или пијаница, кој се валка на земјаа, не осудувај никого, затоа што Бог им ги допуштил нивните поводи, a твојот го чува в раце. Ако и твојот го допушти, ти ќе бидеш во полоша положба: може да паднеш во тој грев, за којшто го осудуваш другиот и да загинеш.

Ha почетокот лечи Бог, a потоа лекарот, но оној кој не му благодари на лекарот, не My благодари ни на Бога. Оној кој се труди заслужува награда.

Умот и рацете на лекарот творат богоугодни дела.

За Бог не e важно кој си ти: монах или мирјанин. Главно e стремежот кон Бога.

Ho ќе успее ли некој да достигне совршенство? Сепак co стремеж човекот и се спасува. Од оној кој монахува ќе се бара монашкото, а од мирјанинот- световното.

Мразете го злото. Човекот, пак, кој твори зло, љубете го и жалете го.

Може да се случи, оној кој денес твори зло, утре co молитви, солзи, пост и покајание да се очисти и да стане подобен на ангел – cè e во волјата Божја. Има многу такви случаи…

Превод од руски јазик: Свештеник Јани Мулев

Изворник:

Архимандрит Габризл (Ургебадзе):

Любовь выше всех канонов и уставов

http://www.pravmir.ru/arximandrit-gabriel-urgebadze-lyubov-vyshevsex-kanonov-i-ustavov/

Пренесено од списанието “Православна светлина” број XXVII, година VII, октомври 2013

Претходна статијаВладика Струмички за – Барањето човечка правда …!
Следна статијаДали ја живееме тајната на Крстот Христов или не !