Моли се вака:

Те молам, Боже мој, да ме излекуваш, за да можам да Те благословам и да Те славам.

Но, ако Ти гледаш дека нешто друго е полезно за моето спасение, нека биде Твојата волја.“

Себлагиот Бог, драго мое чедо, не прави ништо што нема да и` биде од полза на твојата душа.

Било да допушти болест или искушение, тоа го прави поради нашата полза.

Ние тоа не го знаеме и поради тоа, често негодуваме и правиме големо зло. Тој, како последица на Својата голема љубов, се грижи само за ползата на нашите души.

 

Знае дека овде сме привремено и дека сето тоа брзо ќе помине, тие минути.

Кога ќе заврши ова наше прогонство и кога ќе ни се отворат вистинските очи на душата, за се` ќе му бидеме благодарни.

Според тоа, добро мое чедо, секогаш имај трпение.

Мене ми е позната дека Бог ти испратил искушенија поради твојата дпобрина, но и дека ќе ги оддалечи од тебе, кога Самиот ќе го посака тоа…..“

Старец Јосиф Исихаст

Претходна статијаНИЕДЕН НАШ ЗБОР НЕ ИСЧЕЗНУВА…
Следна статијаЉубовта спрема човечката слава, раѓа лага… (Поуки – Авва Амон)