И заради оставањето на малото правило, заради кое се удостојуваме co заштита Христова, ние стануваме потчинети на демоните, како што напишал некој од премудрите:

„Оној, кој не му ја покорува својата волја на Бог, ќе се потчини на својот соперник”.

……………….

За читање на утрените молитви постои посебна збирка која се нарекува Утрени молитви` или Утрено правило; за ноќно молење пред заминување на починка постои друга збирка на молитви, кои се нарекуваат Молитви пред спиење или Вечерно правило.

Посебна збирка на молитви читаат оние, кои се подготвуваат за причест co Светите Тајни Христови и таа се нарекува Правило пред света Причест. Оние, кои голем дел од своето време го посветувале на молитва, околу три попладне читале посебна збирка на молитви, која се нарекува Секојдневно или Монашко правило.

Други читале секој ден по неколку катизми (од Псалтирот), по неколку глави од Новиот Завет и правеле поклони: сето тоа се нарекува Правило.

Правило! Колку точен назив, позајмен од самото дејство предизвикано во човекот co молитвите кои се нарекуваат правило! Молитвеното правило правилно и свето ја насочува душата, учејќи ја да се поклонува на Бог во Дух и Вистина (Јован 4,23), бидејќи душата препуштена сама на себе не би можела правилно да оди по патот на молитвата.

Заради својата повреденост и помраченост од гревот, таа постојано би свртувала од патот, често во пропаст: час во расеаност, час во фантазии, час во разни пусти и лажливи привиди на возвишени молитвени состојби, кои настануваат од нејзината суета и самољубие.

Молитвените правила го задржуваат оној кој се моли во спасоносно расположение на смирение и покајание, учејќи го на постојано самоосудување, хранејќи го co умиление, утврдувајќи го co надеж во Семилосрдниот Бог, радувајќи го co мирот Христов, co љубов кон Бог и кон ближните.

Колку се возвишени и длабоки молитвите пред света Причест! Колку добра подготовка му овозможуваат на оној кој пристапува кон Светите Христови Тајни! Тие го уредуваат и украсуваат домот на човековата душа co чудесни помисли и чувства кои толку My ce благоугодни на Господа.

Bo тие молитви величествено е претставена и објаснета најголемата христијанска Света Тајна; наспроти нејзината возвишеност, живо и точно се наброени човековите недостатоци, покажани се неговите слабости и недостојност.

Од тие молитви, како сонцето од небото, блеска несфатливата добрина Божја, по која Он благоволел тесно да се соедини co човекот, без разлика на човековата недостојност.

Утрените молитви навистина изобилуваат co бодрост и свежина на утрото: Оној кој ja здогледал светлината на материјалното сонце и земниот ден, се учи да сака повисоко видение, духовна Светлина и бесконечен ден, кој го произведува Сонцето на Правдата – Христос.

Краткото успокојување co сон во текот на ноќта е слика на долготрајниот сон во мракот на гробот. Молитвите пред спиење не’ потсетуваат на нашето преселување во вечноста, го претресуваат целокупното наше дејствување во текот на денот и не’ учат да My принесуваме на Бог исповедување на сторените прегрешенија, како и покајание за нив.

Молитвеното читање на акатистот на најслаткиот Исус, освен сопствената вредност, служи и како одлична подготовка за занимавање co молитвата Исусова, која вака се изговара:

„Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилувај ме грешниот”.

Оваа молитва претставува скоро единствено занимање на напреднатите подвижници, оние кои достигнале едноставност и чистота, и на кои сите големи размислувања и многуте зборови им служат единствено како оптоварувачко расејување.

Акатистот покажува co какви мисли може да биде следена молитвата Исусова, која на почетниците им делува многу сиромашна. Тој, co целиот свој обем, покажува само молење на грешникот, Господ Исус Христос да го помилува; но на таа молба и’ се дадени различни облици, сходно на незрелоста на умот на почетникот. Токму како што на децата им се дава храна, кoja претходно се омекнува.

Bo акатистот на Мајката Божја е опеано очовечувањето на Бог Логос и возвишеноста на Мајката Божја, која, затоа што Го родила воплотениот Бог, блажена ја нарекуваат сите поколенија (Лука 1, 148).

Како на голема слика, co безброј чудесни линии, бои и сенки, во акатистот е  претставена големата Тајна на очовечувањето на Бог Логос. Секоја слика се оживува co добро осветлување.

И акатистот на Мајката Божја е осветлен co необична светлина на благодатта. Таа светлина дејствува двојно: co неа се просветува умот, а срцето се исполнува co радост.

Несфатливо се прима, како да е сосема јасно, по чудесното дејство кое го предизвикува на умот и на срцето. Многу побожни христијани, особено монаси, извршуваат многу долго вечерно правило, користејќи ја тишината и темнината на ноќта.

На молитвите пред спиење тие им додаваат читање на катизми, Евангелието, Апостолот, акатисти, како и поклони co молитвата Исусова. Bo тоа време, кога заслепениот свет се препушта на нескротливи и бучни веселби, слугите Христови плачат во тишината на своите ќелии, излевајќи срдечни молитви пред Господа.

Синовите на светот, откако ноќта ќе ја поминат во безумно бдение, денот кој настапува го дочекуваат во помраченост и униние на духот; а слугите Божји тој ден, спроти кој ноќта ја поминале во молитвен подвиг, го дочекуваат co радост и co бодар дух, свесно, чувствувајќи необична способност за богомислие и за секое добро дело.

Господ за време на Својата молитва паднал на колена – ни ти не треба да го занемаруваш преклонувањето на колената, ако имаш доволно сила да го правиш.

Поклонението до земја, според зборовите на отците, го изобразува нашиот пад, а станувањето нашето искупение. Пред почетокот на вечерното правило особено е корисно да се направат одреден број поклони, од кои телото малку ќе се измори и ќе се загрее, а во срцето ќе се појави чувство на побожна тага; и едното и другото претставуваат подготовка за усрдно и внимателно читање на правилото.

За време на извршувањето на правилото никако не треба да се брза; правилата и поклоните треба да се извршуваат колку што е можно побавно и повнимателно.

Подобро е да се прочитаат помалку молитви и да се направат помалку поклони, но co внимание, отколку многу, без внимание.

Одбери си правило кое им одговара на твоите сили. Она што Господ го рекол за саботата, дека таа е заради човекот, а не човекот заради неа (Марко 2, 27) може и треба да се примени на сите подвизи на побожност, па меѓу нив и на молитвеното правило.

Молитвеното правило е за човекот, a не човекот за правилото: тоа треба да му помогне на човекот во постигнувањето на духовен напредок, а не да служи како тежок товар, да ги нарушува телесните сили и да ja вознемирува душата.

Уште повеќе, тоа не треба да служи како повод за гордост, за погубно осудување и понижување на ближните.

Благоразумно избраното молитвено правило, кое одговара на силите и на начинот на живот, служи како важно помошно средство за оној кој се подвизува за свое спасение. Извршувањето на тоа правило во одреден час се претвора во навика, во неопходна природна потреба.

Оној кој ја стекнал таа блажена навика, штом ќе се приближи на вообичаеното место на извршување на правилото, душата му се исполнува co молитвено расположение: тој не успеал да изговори ниту еден збор од молитвата која ја чита, a од неговото срце веќе се излева умиление и умот целиот се задлабочил во внатрешноста.

„Повеќе го сакам краткото правило – рекол еден голем отец (преподобен Матој) – кое постојано се исполнува, отколку долгото, кое пo кусо време се остава”. А таква судбина секогаш имаат молитвените правила кои не одговараат на силите: во првиот жар подвижникот некое време ги исполнува, секако, обрнувајќи повеќе внимание на количината отколку на квалитетот; потоа истоштеноста, која ja предизвикува подвигот кој ja надминува силата, постепено го принудува правилото се’ повеќе и повеќе да се скратува.

Подвижниците кои си одредиле претешко правило, често од него преминуваат на оставање на секакво правило. По оставањето на правилото, па дури и при неговото скратување, подвижникот задолжително го напаѓа вознемиреност.

Од вознемиреноста тој почнува да чувствува душевно растројство. Од растројството се раѓа униние. Кога ќе се засили, тоа предизвикува раслабеност и гнев, a под нивно дејство неразумниот подвижник се предава на празен и расеан живот, co рамнодушност паѓајќи во најгруби прегрешенија.

Кога ќе избереш молитвено правило кое им одговара на твоите сили и на душевната потреба, труди се да го исполнуваш внимателно и непопустливо: тоа е потребно за поддржување на духовните сили на твојата душа, токму како што за одржување на
телесната сила е неопходно секојдневно во одредено време да се зема здрава храна.

„Бог нема заради оставање на псалмите да не’ осуди во денот на Својот суд – вели свети Исак Сирин – ниту за оставање на молитвата, туку заради влегувањето на демонот во нас до кој ќе дојде откако ќе ги оставиме.

Демоните, кога ќе најдат место, влегуваат и ги затвораат дверите на нашите очи: тогаш, co помош на нас како свои орудија, насилно и нечисто, тие прават се’ што Бог забранил, осветувајќи се луто.

И заради оставањето на малото правило, заради кое се удостојуваме co заштита Христова, ние стануваме потчинети на демоните, како што напишал некој од премудрите:

„Оној, кој не му ја покорува својата волја на Бог, ќе се потчини на својот соперник”.

Оние правила кои ти се чинат мали, за тебе ќе станат ѕидини против сите кои се трудат да не’ поробат. Извршувањето на тие правила во ќелијата, премудро ги востановиле творците на црковниот Типик, по откровение одозгора, заради зачувување на нашиот живот.

Големите отци, кои од обилното дејство на благодат живееле во постојана молитва, не ги оставале ниту своите правила, кои вообичаено ги извршувале во одредени часови на својот дневен круг. Во нивните житија гледаме многу докази за тоа

Антоние Велики, извршувајќи го правилото на деветтиот час (црковниот деветти час одговара на третиот час попладне), се удостоил co Божествено откровение; на преподобниот Сергеј Радоњешки за време на читањето на акатистот на Мајката Божја му се јавила Пресвета Дева во придружба на апостолите Петар и Јован.

Најдраг брате! Покори ја својата слобода на правилото; лишувајќи те од погубната слобода, тоа ќе те врзе само затоа за да ти овозможи духовна слобода, слобода во Христа.

Прангите отпрвин се чинат тешки, за потоа да станат скапоцени за ОНОЈ, КОЈ е врзан co нив. Сите Божји светии го зеле на себе благиот јарем на молитвеното правило и го носеле: подражавајќи ги нив, во тој случа^и тиќе Го следиш нашиот Господ Исус Христос, Кој се очовечил и Кој Сам ни покажа како да се однесуваме – Го правел она што Го правел Неговиот Отец (Јован 5,19), го зборувал она што Отецот My заповедал (Јован 12, 49) и во се’, имал за цел исполнување на волјата на Отецот (Јован 5, 30).

Волјата на Отецот и Синот и Светиот Дух е една. Во однос на луѓето, таа се состои во нивното спасение.

Пренесено од книгата “Енциклопедија на православниот духовен живот” од Свети Игнатиј Брјанчанинов

Подготви : Мина Даниловска

 

Претходна статијаЛукавиот политичар си е помошник самиот на себе; нему, како препаметен, Господ не му доаѓа на помош…
Следна статијаХристословна молитва (Свети Нифонт)