ДЕЛА ЗЕМНИ
• Нашите земни служби, нашите земни обврски, треба да ги носиме како да ни се дадени од Бог и да ги извршуваме како пред очите Божји, совесно, ревносно, подготвувајќи се за нивното извршување да My дадеме одговор на Бог.
Гревовните побуди и цели да не ги поткопуваат и да не ги валкаат тие служења!
Земните работи треба да ги извршуваме co цел на Богоугодување, па тие работи ќе станат – дела небесни. Главно и суштинско наше занимање треба да биде служењето на Бог, треба да тежнееме кон тоа Он да не’ усвои.
Служењето на Бог се состои во постојано сеќавање на Бог и на Неговите заповеди, во исполнување на тие заповеди co секое свое дело, видливо и невидливо.
• Сонцето изгрева, луѓето брзаат на работа. Секој има своја цел, својja намера. Она што е душата во телото, тоа се целта и намерата во секое човечко дело. Еден се труди и се грижи да стекне пропадливи богатства; друг – да си овозможи обилни наслади; некој за да стекне земна, суетна слава; конечно, некој вели дека неговите дела имаат за цел државна и општествена корист.
На оној, на чие срце е Законот Божји во се’ што се занимава, во секој свој дел, цел му е Богоугодување. Светот за него се претвора во книга на Господовите заповеди. Тој ја чита таа книга co делата, co однесувањето, co животот.
И колку повеќе ја чита, неговото срце се’ повеќе се посветува на духовното познание, се’ повеќе копнее да оди по патиштата на побожност и добродетели. Тоа добива огнени крилја на верата, почнува да го презира секој страв, преминува преку секоја бездна, смело станува на секое добро дело. Блажено е таквото срце!
• Никако не си дозволувај лукавство и лицемерие; наместо нив, имај вера, која ќе те научи дека co светот и co судбината на секој човек управува Божјата Промисла, а не човечкиот ум, и дека затоа треба да се чува кроткото христијанско однесување во делата. зборовите и во помислите.
• Она што ќе го постигнеш без мака, несигурно е; што ќе посееш, а не го наводнуваш co солзи, расте лошо.
• Кај искреното однесување, Помошник е Господ, додека лукавиот политичар си е помошник самиот на себе; нему, како препаметен, Господ не му доаѓа на помош.
• Земните дела и успеси водат кон гордост, заради чие одвраќање и на апостол Павле му биле потребни неволји и страдања.
• И кога работиме, можеме да внимаваме на стравот Божји во себе – да гледаме co нашите дела да не управува бесловесниот занес, туку здравиот разум, кој почива на општите, а потоа и на поединечните богатства и се осветлува co светлината на Евангелието.
•…Ha луѓето кои се трудат на работа им се дарува помош, a воедно и да се соочат co пречки и да страдаат заради своја душевна корист, за нивното духовно дело да биде исчистено од примесите на суета и други страсти, и совршено во Богоугодна смиреномудреност. Тоа е вообичаен тек на работите на кои покровител е Бог.
Апостол Павле пишува дека сатаната два пати му забранил да дојде во Солун за да благовестува за Христа. Ерусалимскиот храм вториот пат бил подигнат co многу пречки, додека првиот пат при неговото подигање сите околности се одвивале добро.
Но духовната слава на вториот храм далеку ја надминала славата на првиот, бидејќи вториот се удостоил во своите прегратки да Го прими овоплотениот Бог.
Преподобниот Антоние Печерски велел дека многу богати кнезови и болјари co чувство на самоувереност и суета, без маки ѕидале манастири и храмови на свој трошок; но храмовите и манастирите кои биле подигнати co монашки солзи, co нивните молитви, како и co усрдноста на личности кои имале скромна положба во светот, се покажале многу подобри од првите.
Бог не ја сака силата, Он не сака делото што My е посветено да се извршува co сила, туку co надеж на Hero, Семоќниот и Седобриот, co трпение, смирение и благоразумност, кои е невозможно да се зачуваат покрај страста и силата.
„Co мудрост куќа се изградува -вели Светото Писмо – и co разум се зацврстува” (Изрек. 24, 3).
Треба да се слуша поуката од Светото Писмо: бидејќи нестрпливоста може да го расипе делото.
• Ниту едно дело кое е започнато без молитва и без барање на Божја помош, макар и да е добро, не се завршува.
Пренесено од книгата “Енциклопедија на православниот духовен живот” од Свети Игнатиј Брјанчанинов
Подготви М.Даниловска