Дома Uncategorized Молитва за ближниот кој страда од болест!

Молитва за ближниот кој страда од болест!

0
2304


Христе, наш Заштитнуку, посети и исцели го Твојот слуга (името) што страда, отстранувајќи од него секаква болест и тешка болка.

Подигни го за да може да Те воспева Тебе и непрестајно да Те славослови, по молитвите на Богородица, Ти Кој си човекољубец.

Милостив Господи, посети и исцели го Твојот болен слуга (името), кој сега лежи на болничка постела тешко страдајќи, како што Ти, Спасителе, некогаш си ја подигнал тештата на Петра и парализираниот човек носен на неговата постела, зашто Самиот Ти си ја понел болеста и немоќта на нашиот род, и со Тебе ништо не е невозможно, зашто си семилостив.

Господи Семоќен, Исцелителу на нашата душа и тело!

Ти кој понизуваш и подигаш,

Кој опоменуваш и исцелуваш,

посети го сега, со Твојата голема милост, нашиот брат (името) кој е болен.

Простри ја Твојата рака исполнета со исцеление и здравје, и подигни го од неговата постела и исцели ја неговата болест.

Отстрани го од него духот на болеста и секоја болка, мака и треска со која е врзан, и ако има направено гревови и прегрешенија, дарувај му отпуштање и простување, зашто Ти си човекољубец.

Да, Господи Боже мој, сожали се врз Твоето создание, со милосрдноста на Твојот Единороден Син, заедно со Твојот Сесвет, Добар и Животворен Дух,
со кој си благословен, сега и секогаш и во вечни векови.

Амин.