………..

Постот е добар учител, бидејќи:

1. дава можност веднаш да се согледа (од секој што пости) дека на човекот всушност му е потребно многу малку храна и пиење, и дека ние сме лакоми – јадеме и пиеме многу повеќе отколку што ни е потребно, т.е отколку што ѝ е потребно на нашата природа;

2. постот ги разоткрива сите слабости на нашата душа, сите недостатоци, гревови и страсти, исто како кога матната вода се смирува:

тогаш може да се видат сите гадинки и сета нечистотија во неа;

3. тој ни посочува колку е неопходно од сѐ срце да се приклониме кон Бога и од Него да бараме милост, помош и спасение;

4. постот ги открива сите итрини, сето лукавство и целата злоба на телесните духови за кои цело време работиме, но не сме свесни.

И сега, кога сме озарени од светлината на Божјата благодат, нивните лукавства касно се гледаат и тие злобно ни се спротивставуваат, бидејќи сме ги оставиле нивните патишта.


Оној кој го отфрла постот заборава од што произлегло
прогонуваьето на прите луѓе (од невоздржливоста) и какво оружје против гревот и против непријателот ни дал Спасителот, кога бил искушуван во пустината (кога постел четириесет дена и четириесет ноќи).

Оној кој го отфрла постот, не знае или не сака да знае дека човекот најчесто отпаѓа од Бога поради невоздржливоста, како што се случило со жителите на Содом и Гомор, па и со современиците на Ное, бидејќи од невоздржливоста произлегува секој грев во луѓето.


Оној кој го отфрла постот, го отфрла од себеси оружјето за борба против наклонетото кон страст тело и против Ѓаволот, кои со помош на нашата невоздржливост собираат сили против нас.

Таквиот
човек не е Христов војник, бидеки го фрла оружјето и доброволно се предава во рацете на своето тело кое го љуби гревот.

Тоj човек на крајот останува слеп, па не е способен да ги види врските меѓу причините и последиците од неговите дела.


Велат: не е страшно да се блажи за време на постот и дека постот не е во храната; и дека не е страшно да се носи скапа, убава облека, да се оди на театар и на вечерно излегување, на маскенбал, да се собираат прекрасни, скапи садови, да се купуваат мебел и брзи коњии, (или автомобили, заб. прев.) да се ужива во отмено друштво, да се собираат и да се трупаат пари и сл.

Па тогаш, поради што се одвраќа срцето од Бога – Изворот на животот?

Зошто го губиме вечниот живот? Зарем не поради угодувањето на стомакот, поради скапата облека (како богаташот од Евангелието), поради театрите, кафеаните и маскенбалите?

Поради што се однесуваме бездушно кон сиромашните, па дури и кон своите роднини? Зарем не поради нашата пристрасност кон сластите, односно поради угодувањето на стомакот, поради купуваьето скапа облека и мебел, поради елитното друштво и парите итн.

Дали е можно „да им служите на Бога и на Мамон” (Мт. 6, 24), да му бидете пријатели и на светот и
на Бога, да работите и за Христа и за ѓаволот?

Не е можно! Поради што беа прогонети Адам и Ева од Рајот и паднаа во грев и смрт?


Поради јадењето, нели? Размислете добро, зошто не се трудиме и не се залагаме за спасението на душата, која толку многу му значи на Божјиот син?

Поради што се полниме со гревови, поради што Му се противиме на Бога и живееме во суета?

Зарем не поради страста кон земните работи, а особено кон земните наслади? Поради што се огрубува нашето срце? Поради што стануваме тело, а не дух?


И кога jа извртуваме нашата морална природа, не е ли тоа поради пристрасноста кон храната, кон пиењето и кон другите земни блага?


И како потоа да кажеме дека не е страшно блажењето за време на постот?

Дури и самото мислење, и самото изговарање на овие зборови е гордост и непослушание, лекомисленост и непокорност кон Бога и оддалечување од Него.


Човекот многу му значи на Бога и затоа целиот свет му се покорува. Самиот Син Божји слезе од небото на земјата за да го спаси од вечните маки и да го помири со Бога.

Сите плодови и разновидното животинско месо му се дадени како храна, дадени му се и најразлични пијалоци за да се насладува, но не за да биде пристрастен кон нив.

Христијанинот ужива големи наслади, духовни, божествени; а телесните наслади треба секогаш да им бидат потчинети на духовните, да бидат умерени или пак сосема да се пресечат, особено кога им пречат на духовните.

Значи, храната и пиењето му се забранети на човекот не за да се натажи, не за да му биде ограничена слободата, како што зборуваат во светот, туку за да му биде на тој начин доставена вистинската наслада, онаа сигурната и вечната.

И затоа се забрануваат мрсната храна и виното (за време на постот), токму затоа што човекот толку многу му значи на Бога и за да не го приврзе срцето свое наместо кон Бога, кон телесното, пропадливото, кое е недостојно за него.

А оној што е повреден од гревот, многу лесно се приклонува кон земните задоволства, заборавајќи притоа дека вистинската негова наслада, вистинскиот негов живот е вечниот Бог, а не пријатното уживање на телото.
Свети Јован Кронштадски – За постот (извадок)

Претходна статијаНеракотворната икона на Господ Исус Христос