Господи Исусе Христе, чуј го искрениот глас на моето срце, кое вика по Тебе:
верувам дека Ти си (Ти постоиш), но не можам да го почувствувам тоа со целото свое срце.
Знам дека Ти ме гледаш и чуваш, Ти како Творец мој ме познаваш многу подобро,
отколку што се познава, самиот, но јас не Те познавам така, како што би сакал.
Слушам за Тебе од другите, читам и учам за Тебе, но сеуште ми е тешко да бидам близу до Тебе.
Познавам добри луѓе, кои се Твои пријатели, се плашат од Tебе и Те сакаат, и животот им е исполнет со Тебе, но јас се’ уште чувствувам сомнежи, затоа што ми недостасува подлабоко општење со Tебе.
Насекаде го чувствувам Твоето присуство во секојдневието свое, во тешкотиите, во природата и во целото создание, ама сеуште не можам да поверувам во Тебе вистински.
Признавам дека без Тебе, без Твојата благодат, без Твоето воскресение и Твојата љубов, животот, мојот живот не би имал никаква смисла, но продолжувам да живеам далеку од Тебе, од Твојот живот, од Твоите спасителни заповеди и поради тоа продолжувам да се сомневам.
Господи, помогни ми да поверувам во Тебе со целото свое срце!
Помогни ми да Те откријам и ќе се зарадува душата моја.
Научи ме да Те сакам, и така мојот окајан живот ќе се исполни со вистинска радост и смисла.
Јави ми ја во срцето вистината на Твоето Свето Евангелие, на Твоето Воскресение. Просветли ме со Твоето вистинско знаење.
Дојди во мојот живот, така како што Ти знаеш и како што ќе биде добро за мене.
Посети ме, за да го стекнам Твојот длабок, со ништо неспоредлив мир и блаженство.
Привлечи ме кон Твојата љубов, за да можам постепено да ја надминам својата себичност и егоизам, да се избавам од сите свои страсти, да се исцелам од сите свои немоќи.
Знам Господи дека се` тоа не може да биде постигнато одеднаш, без продолжителни усилија и трпение.
Но, ако Ти ме привлечеш со сладоста на Твојата благодат, тоа ќе постане лесно и возможно за мене.
Ако Ти влезеш во мојот живот и го благословиш, тогаш вистински ќе ја вкусам радоста што живеам, ќе се стекнам со надеж према иднината.
Ако Ти пребиваш во мене и јас во Тебе, тогаш целосно ќе се приврзам кон доброто во својот живот, во односите со другите, во обителта, во работата, во сегашноста и во иднината, бидејќи без Тебе во мојот живот ништо не би имало смисла.
Ако Ти дојдеш кај мене, тогаш јас ќе можам да се свртам кон Тебе и да започнам чист, свет живот, како многу од Твоите светии, кои пред тоа Те отфрлиле и живееле во грев: како Петар, Павле, Самаријанката Фотони, Марија Египетска, како Блудниот син, Разбојникот и Закхеј.
Ако Ти ме посетиш и останеш во мојата душа, тогаш јас ќе се стремам да не Те огорчувам со ништо и брзо да проштевам на оние кои ми згрешиле мене.
Знам, дека ќе направам добро на својата душа не кога ќе го осудам братот свој, а кога на дело ќе го исполнам кажаното од светите отци:
”Биди строг према себеси, но милостив према ближниот“.
Во секоја една работа ќе се стремам да живеам таков живот, кој ќе ме приближи до Тебе и братот мој.
Ако Ти ме посетиш, јас ќе го почувствувам величието на верата во Тебе, на Твојата света Православна Црква.Ќе бидам во состојба да ги придобијам Твоите свети добродетели, да живеам во вождржание, во пост и молитва.
Со радост ќе живеам во светиот Твој храм, за да учествувам во Твоите свети тајни, со чувство на длабоко покајание ќе ги исповедам гревовите свои пред Твоите свештеници, за да можам достојно да се причестувам со драгоцените Твои Крв и Тело, после неопходната подготовка под нивното духовно раководење.
Но, сето тоа се`уште недостасува кај мене, о, Господи!
Прости ми, бидејќи се’ уште Те оскрбувам со начинот на мојот живот, со своите дела, збор и помисла.
Помогни ми да се исправам, подигни ме.Помогни ми да се исцелам.Помогни ми да се очистам.
Помогни ми да Те откријам.
Господи Исусе, просветли ме.
Господи Исусе, благослови ме.
Господи Исусе Христе, помилуј ме!
Филотеј Григоријатис