…Друго е да си причестен и соединет со Бог, а друго е како свети Симеон да Го примаш Бог само во прегратките.

Гледате колку ние сме поудостоени од самиот свети Симеон Богопримец, односно Новозаветната Црква Божја во однос на Старозаветната Црква.

Тој е удостоен со тоа да Го прими во прегратките, а не како што ние совршено се соединуваме со Него на секоја Литургија на Црквата, која е предвкус на идното Царство и икона на Царството, како и самото Царство – токму поради Причеста – со Телото и Крвта Христови, што ја имаме во неа.

Ако поминат три недели без Света Причест, а човек неоправдано пропушти да се причести, според Светите Канони, не се смета за член на Црквата. Секоја света Литургија е Сретение и не е нормално да ја избегнуваме.

„А Јосиф и мајка Му се чудеа на она што се зборуваше за Него.“ Секаде каде што во Евангелието читаме за вакви случувања – каде што среќаваме дека Јосиф и Пресвета Богородица нешто се чудат, не знаат или прашуваат, тоа најчесто се однесува само на Јосиф, не и за Богородица, не за Онаа Kоја целата Божја Премудрост ја сместила во Себе.

„Таму беше и пророчицата Ана, ќерката Фануилова, од Асировото колено; и беше многу остарела, а со мажот проживеала само седум години, по моминството свое.

Таа беше вдовица на околу осумдесет и четири години и не се отстрануваше од храмот, служејќи Му на Бог со пост и молитва, дење и ноќе. Во тој час пристапи и таа, и почна да Го слави Господ и им прикажуваше за Него на сите што чекаа спасение во Ерусалим.“

Праобрази на монашкиот живот имаме уште во Стариот Завет, а посебно на преминот меѓу Стариот и Новиот Завет.”

Митрополит Наум

Претходна статијаНАДВОРЕШНИОТ ИЗГЛЕД И МОРАЛНАТА ВИСИНА HA ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА – Таа беше Дева не само по тело, туку и по душа…!
Следна статијаДВЕТЕ ЛЕПТИ – вдовицата „пушти повеќе од сите“!