Гледате ли како луѓето стануваат робови на некакви правила, а не знаат или забораваат дека правилата се дадени само за растење во православниот духовен живот низ степените на духовниот развој:
очистување на срцето од страстите,
просветлување на умот – со дарот на умно-срдечната молитва и обожение на личноста.
Ако нема растење, самите ние, но и правилото, станува идол. Како човек расте низ степените на духовниот развој така за него почнуваат да важат други правила или истите, но прилагодени на соодветниот степен на кој тој се наоѓа.
Оваа незнаење е коренот на многу недоразбирања во Православната Црква денес.
На пример, наместо да имаме пастирски однос кон овосветските шеми на само човечко организирање како што се државата, нацијата и други, луѓето денес развиваат однос на поистоветување кон нив – направиле идол.
Наместо свештенството да ѝ служи на Црквата, тоа почнува да си служи себеси – направило идол; на пример, кога епископот со староста ги губи своите психофизички капацитети, а не се повлекува од својата позиција, кому тогаш служи?
Наместо организираноста на Црквата да служи за давање и помагање на страдалните, таа си служи и собира за себеси – и пак е направен идол.
Во овој вид незнаење спаѓаат и недоразбирањата околу служење наглас или не, или служење со отворени или затворени двери, или по овој или оној календар; облекување вака или онака;
јавните прозивки, како и суетни расправии по најразлични медиуми поради различно мислење; итн.
Идоли, идоли, идоли… А кој страда поради сето ова?
Обичниот човек врзан од сатаната, кој и ако се појави во црква го бркаме од неа и не го оставаме да се исцели!
Лицемери не требаше ли да ги олабавиме, веќе еднаш, луѓето од самите вакви нас?
http://www.mpc.org.mk/pouka.asp