Зошто курбанот е страшен грев за нас христијаните?
Да се прекинат тие антихристијански и пагански обичаи.
После литургијата свештеникот го благословува ручекот, но не го нарекуваме курбан, не се колат безсловесни животни во црковниот двор.
Тогаш кога во среда или петок ќе падне празник,
подготвуваме посно јадење.
Не можеме да делиме месо, тоа никако да го разбере народот.
Згора на тоа мислиме дека на Бог му пренесуваме служба. Каков црн христијанин си ти во среда и петок да јадеш месо?
Не навлегуваме во ничија приватност, во рамките на Богодаруваната слобода, како ќе живее дома и што ќе јадеме на својата домашна трпеза, иако Црквата повикува дека во среда и петок треба да постиме.
Знаете ли зошто треба да постиме во среда и петок?
Постиме од благодарност кон Бог.
Се сеќаваме во тој наш подвиг, во тоа наше мало само одрекување од вкусна и мрсна храна, на сите маки и страдања што ги претрпе Богочовекот Христос за сите нас.
Во среда беше предаден за 30 сребреници , исмеван и биен, и целата таа агонија во Гетсиманската градина се случува во среда.
Во петок заради крстната жртва на Голгота, денот кога Бог заради нас и нашето спасение ниту јадел. ниту пиел.
Во Својата жед кога побарал вода да му дадат, му дале жолчка и оцет.
Првите христијани, уште од првите векови, тоа се првите постови кои што се востановени, во среда и петок ништо не јаделе.
Се до зајдисонце, ниту јаделе, ниту пиеле.
А ние во среда и петок колиме курбани во Црковните дворови, делиме месо и се нарекуваме Христијани.
Ние немаме курбани, тоа е турски обичај, тоа е муслимански обичај.
Самиот збор „курбан“ е турски збор и значи жртва и згора на тоа да му правиме место во Црквите?
И мислејки дека колиме безсловесни животни, Бог ќе го смилустивиме да ни даде благослов.
Зошто курбанот е страшен грев за нас христијаните?
Заради тоа што едниствениот курбан, единстваната жртва за нас е Богочовекот Христос, јагнето Божјо кое што ги зема на себе гревовите на светот и се жртвуваше за нас, и се жртвува одново и одново на секоја Света Литургија и ни ги дава Своето пречисто тело и Својата чесна крв со кои ние се причестуваме и причестувајки се смртта ја надминуваме и победуваме.
Ние учесници во благослов постануваме и благослов дома носиме кога доаѓаме на и јадиме од таа Жртва.
Затоа Црквата не може да прифати друга жртва и застанува категорично против курбаните.
Но Црквата не се спротиставува на тоа на празник на селото или Храмовиот празник да се зготви ручек и да се собере народот и свештеникот да го благослови.
Не може жртви и крвишта во Црковнит двор да течат.
Во среда и петок ќе зготвиме ама ќе зготвиме нешто посно, бидејќи во среда бил исмеван и биен нашиот Бог и предаден за триесет сребреници и ние постиме тогаш,
во петок бил распнат и умрел за нас на Крстот и постиме во петок. Тоа е причината.
Оној што мислејки дека на Бог служба му принесува и се противи на Црквата, и во среда и петок во Црковен двор меша казани со месо и дели на народ, не треба никој да го благословува.
И кој да го благослови, не може да добие благослов.
И не треба никој да го колни и преколнува, самиот се проколнува.
Нема проклетство за оној кој не знае и од незнаење прави нешто, но од оној миг кога кажал Владиката, откако кажала Црквата да не се прави нешто, а ти продолжуваш да се инатиш и да му служиш на ѓаволот, каков благослов ти чекаш, нема благослов таму.
Да ги оставиме сите тие работи за нас и да слушаме што ни вели Црквата, што ни велат Светите отци.