НЕПРАВДАТА ГИ МАЧИ ПОТОМЦИТЕ

Старче, кога тргнав по монашкиот пат, моите роднини ми нанесоа неправда. Можам ли да го барам она што по законот ми припаѓа?

He, тоа не треба.

Се плашам да не ги снајде некоја несреќа поради оваа неправда.

E, тоа ти e добро! Јас да сум на твое место, би им рекол:

„За себе не барам ништо. Но би сакала делот што ми припаѓа мене, co своите раце да им го поделите на сиромашните.

Прво дајте им на сиромашните роднини. Ова ви го велам за да не ве снајде Божјиот гнев”.

Зашто, пример, може да се случи таткото да даде прилог за својата душа на некоја установа, a co тоа да му нанесе штета на своето дете.

Може да се случи во едно семејство дедото или бабата или родителите да правеле неправди, a тие самите да се добро. Меѓутоа, нивните деца или внуци ќе страдаат.

Ќе боледуваат и ќе бидат принудени да им го дадат на лекарите сето она што неправедно e стекнато за да ги отплатат неправдите на своите дедовци и баби.

Ha едно, мене познато, семејство им се случуваа многу искушенија. Почна од главата на семејството -тешка болест, страдања. Лежеше неподвижен во кревет неколку години, и после се упокои.

Подоцна се упокои и неговата сопруга, a пo нив и децата едно no друго. Неодамна умре и нивното последно, петто дете.

Тоа беше едно многу богато семејство, но завршија како најсиромашни; го распродадоа имотот за да ги исплатат лекарите и разните трошоци.

Се чудев: „Како ги снајдоа толку болести и несреќи!”

Членовите на тоа семејство што ги познавав, не важеа за позитивен пример, т.е. Бог не ги искушуваше како свои избраници, туку повеќе изгледаше дека тука делуваа некои духовни, Божји закони.

За да бидам сигурен во своето мислење, се обидов да дознам нешто од угледните старци, нивни сожители, и го дознав следново:

Тој човек го наследил имотот од својот татко, но неправедно го умножил, односно, кога некоја вдовица ќе побарала заем од него за да ја омажи својата ќерка, a да му врати после жетвата, тој барал од неа дел од нејзиниот имот.

И таа, бидејќи била во неволја, го продавала за толку колку ќе и дадел.

Некој друг би му барал заем за да го исплати долгот кон банката, a да му врати штом го собере памукот. Овој му ја барал нивата, a тој, бидејќи во неволја ја продавал нивата за толку, само да не го гони банката.

Друг му барал пари за да му плати на лекарот, а овој за тоа му ја барал кравата. И сиромавиот му ја продал кравата, речиси за без пари. Но сиот гнев и сите клетви на тие напатени луѓе ги погодиле не само него и неговата жена, туку и неговите деца.

Така делувале духовните закони, правејќи да му се врати co иста мера: т.е. за да ги платат лекарите и трошоците за болестите, несреќите и слично, го продавале имотот за малку пари, и од многу богати станале сиромашни.

Така исчезнаа сите еден по друг. Секако, Бог ќе им суди сразмерно co Неговата голема љубов и правда.

Оние, пак, другите што биле принудени да продадат сѐ што имаат поради разните неболји, па осиромашиле, за да ги исплатат долговите кон лекарите и слично, ќе примат плата сразмерно co неправдите што ги вкусиле и претрпеле.

Секако, и неправдите сразмерно се наплаќаат.

ОНОЈ ШТО НИ ПРАВИ НЕПРАВДА, ДОБРО НИ ПРАВИ

Старче, како би требало да се однесуваме кон човекот што неправедно постапува кон нас?

Како да се однесуваме? Како кон некој наш голем добротвор, кој внесува влог во Божјата штедилница. Hѐ збогатува за вечноста. Зар тоа e мала работа? Зар не треба да ги сакаме своите добротвори? Зар не треба да им искажуваме благодарност?

Исто така, и оној што ни причинува непријатности треба да го сакаме, да му благодариме, зашто ни прави добро за вечноста. Неправедните трпат неправда во вечноста, a оние што ја примаат неправдата co радост бидуваат оправдани во вечноста.

Еден побожен семеен човек доживеал многу неправди на работното место. Нo беше многу добар, и сѐ трпел без негодување и без гневење. Еднаш дојде во мојата ќелија и ми раскажа за сѐ. Потоа ме праша:

Како е најдобро да постапам?

Вака направи – му реков. Имај надеж во божествената правда и во божествената отплата и трпи. Ништо не е залудно. Ha тој начин ќе заштедиш во Божјата штедилница.

Во другиот живот сигурно ќе примиш награда за сѐ што си претргал во овој живот. Ho знај, добриот Бог и во овој живот му исплатува на оној што трпи неправда.

Ако не секогаш на него самиот, секако ќе му исплати на неговото дете. Бог знае. Промислува за своето создание.

Ако некој претрпи докрај, работите ќе дојдат на свое место. Бог сѐ устројува. Потребно е трпение без логика. Бидејќи Бог гледа сѐ, се следи, треба и сецело Нему да му се предадеме.

Гледаш, Јосиф ништо не рекол кога неговите браќа го продале како слуга. Можел да рече: “Јас сум нивни брат”, но не рекол, па потоа проговорил Бог правејќи го владетел. Но ако некој нема трпение, тоа e мачење.

Секогаш сака работите да се случуваат онака како што нему му одговара. Секако, никогаш не наоѓа мир, ниту, пак, работите му се случуваат онака како што би сакал тој”.

Ако некој трпи неправда во овој живот, од луѓето или од демоните, Бог не се грижи, затоа што неправдата и’ донесува добивка на душата. Многупати велиме дека ни e направена неправда, а во суштина ние правиме неправда. Затоа треба да внимаваме за да не се „уловиме” самите себеси.

Пренесено од книгата “Со болка и љубов кон современиот човек” од Старец Пајсиј Светогорец

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаСекој треба да ја практикува Исусовата молитва – отец Тадеј
Следна статијаСветиот апостол и евангелист Лука (Од Правосл. календар)