Штом човечкиот ум се одврати од Бог, луѓето почнаа својот ум и расудување да го спуштаат сѐ пониско.

Најпрво, она почитување кое Mу припаѓа на Бог им го укажаа на сонцето, месечината, ѕвездите, сметајќи не само дека тоа се божества, туку и дека се причинители на сѐ што се случува по нив.

Потоа луѓето, спуштајќи се до најмрачните мисли, етерот, воздухот и сѐ што е во воздухот го прогласија за богови; па, напредувајќи во злото, како богови ги опеваа дури и праелементите и начелата на телесниот систем, односно топло-студено, суво и течно суштество.

Како што тие сосема падна и почнаа да ползат како полжави по калта, така и нејбезбожните меѓу луѓето, бидејќи паднаа и отстапија од претставата која ја имаа за Бог, прогласувајќи луѓе и човечки ликови за богови, било да се живи, било по смртта.

Па изумувајќи уште полоши работи, тие божественото и превозвишено Божјо име им го дадоа дури и на камења, дрвја, влекачи, водени и копнени животни, како и на бесловесни и диви животни, та им упатуваа Божја слава, а се одвраќаа од вистинскиот и жив Бог, Отецот Христов.

Камо среќа во нив да била одважноста на безумните, та одејќи сѐ подалеку и подалеку, не се мешаа со безбожноста!

Оти, некои од нив толку длабоко западнаа во своите мисли и умот толку им се помрачи, што дури и она што не постои на никаков начин, ниту може да се види меѓу создадените нешта, тие го изумуваа и боготвореа.

Бидејќи, значи, го поврзаа она што е словесно и она што е бесловесно и откако ги поврзаа работите кои по својата природа не се слични, тие почнаа да ги почитуваат како богови.

Кај Египјаните такви се боговите со глави на кучиња, змии и магариња, а така е и кај Либијците. Амон со глава на овен.

Некои, пак, разделувајќи ги деловите на телото, односно главата од рамењата и рацете и нозете, ги воздигнаа секој од тие делови до Бог и им припишаа божествени својства, како да не им беше доволно тоа што заеднички се поклонуваат на целокупното тело.

Други, проширувајќи ја својата безбожност, ги боготвореа и им се поклонуваа на уживањето и желбите, кои беа причина за нивните бесчестија.

Такви богови им се Ерос и Афродита од Пафос.

Некои од нив, кои како да копнееја за она што е најлошо, се дрзнаа и своите водачи, па и своите деца да ги издигнат до божества, било заради почитување на тие водачи, било заради страв од нивната тиранија; оттука на Крит прочуени меѓу нив е Зевс, а во Аркадија Хермес; кај Индијците Дионис, кај Египјаните Изида, Озирис и Ор, а сега и Антиној, љубовникот на римскиот цар Адријан.

Му се поклонуваат неми, иако знаат дека е човек, и тоа бесчестен човек, преполн со секаква похотливост, поради страв од оној кој им заповедал да го почитуваат.

Оти кога Адријан ја походеше египетската земја и кога сконча слугата Адријан, кој ги задоволувал неговите желби, тој заповедал да го почитуваат како бог.

И по смртта младичот, тој бил вљубен во него, а тоа ни дава еден доказ против него и еден пример на идолопоклонство, односно дека луѓето го прогласиле не заради друго, туку заради желбите на оние кои ги создале, како што Премудроста Божја некогаш дамна посведочи, говорејќи: Измислувањето идоли е почеток на блудот.

Свети Атанасиј Велики

ИЗВОРОд преданието на Светите отци
Претходна статијаДедо Наум – Карактеристики на ГУРУИЗАМ?
Следна статијаМитрополит Наум – за робовскиот, наемничкиот и синовскиот однос кон Бога