Светиот Григориј Богослов говори за три вида Пасха, односно Пасха законска, Пасха на Божјата благодат и Пасха на идниот век.

Законската Пасха, во која Евреите го празнувале својот чудотворен премин преку Црвеното Море, била едно потсетување на горкото Египетско ропство и на нивното ослободување co Божјата помош. Всушност, таа Пасха била праобраз на нашата Пасха.

Пасхата на Божјата благодат е Христовото Воскресение, преку кое се случува преминот од смртта кон животот и од земјата кои Небото.

Светиот Григориј Богослов ќе рече:

О, Пасха велика, и свештена и очистителна за целиот свет. Надвор од учеството во Христа и надвор заедницата co Hero, постои само мртвило и ропство.

Според светиот Григориј Синајски, оној кој не гледа, и не слуша и не чувствува, духовно е мртов. Според тоа, Пасхата е доаѓање на Христа во срцето.

Светиот Максим Исповедник ќе рече многу карактеристично:

Пасха е доаѓањето на Логосот во човековиот ум. Навистина, човекот кога ќе Го прими Христа, живее духовно и Христос станува негов живот, станува душа на неговата душа. Втора душа на луѓето е Воскресението (преподобен Нил).

Пасхата на идниот век е посовршена и почиста.

Христос, кога ја правеше Пасхата пред Своето страдање, односно кога ја изврши Тајната Вечера, рече:

Нема да пијам веќе од овој лозов плод, се до оној ден кога ќе пијам co вас нов во Царството на Мојот Отец (Мат. 26, 29).

Овде јасно станува збор за Пасхата на Царството Небесно. Дури и Пасхата насегашниот живот е образна во однос на Пасхата на идниот век. Тогаш светителите ќе имаат поголемо општење co Христа, бидејќи Логосот ќе го открие и ќе научи на она што сега делумио го покажа [свети Григориј Богослов).

Христијаните се борат да минат од првата Пасха во Пасхата на Божјата благодат, а оттаму во вечната Пасха. Само таков празник има значење и смисла.

Секое друго празнување не стреми кон подлабоки цели, не го задоволува гладниот и жедниот дух на човекот.

За време на еврејската Пасха се колело непорочно јагне, целосно и младо. Тоа било праобраз на христијанското јагне, кое е Самиот Христос, Непорочен, Млад и Совршен.

Он се жртвуваше и им се принесува на христијаните за да се соединат co Hero.

Денот на Воскресението се нарекува и Пасха. Овој збор се повторува во многу тропари на Црквата и предизвикува духовна радост кај христијаните.

Според светиот Григориј Богослов, зборот Пасха произлегува од еврејскиот збор Фаска, откако Ф се елинизирало во П, a K во X. Зборот Пасха во еврејскиот јазик означува премин, и познат е празникот Пасха, кога Евреите го празнувале чудотворниот премин преку Црвеното Море.

Секако, постојат и некои, како што вели светиот Григориј Богослов, кои мислат дека зборот Пасха произлегува од (страда), т.е. од Христовото страдање за нас, но подобро толкување е првото.

Како што израилскиот народ го празнувал преминот преку Црвеното Море и стекнувањето на слободата, така и Новиот Израил, Израил на благодатта, го празнува новиот премин од смртта во животот.

Ова толкување го дава светиот Григориј Богослов во својата беседа на Пасха. Светиот Јован Дамаскин, пак, земајќи ги речиси оригиналните текстови од светиот Григориј Богослов, лишува:

Ден е на Воскресението, да се просветлиме народи, Пасха е Господова Пасха. Бидејќи од смртта кон животот и од земјата кон Небото Христос Бог не’ преведе нас, кои пееме победна песна.

Прославувајќи го денот на празникот Пасха, Јосиф Вриениј, ученик на светиот Григориј Палама и учител на светиот Марко Евгеник [Ефески], го анализира богословското значење на празникот.

Пасха е преминот од темнината во светлината, излез од Адот во земјата, издигнување од земјата на Небесата, премин од смртта во животот, воскресение на паднатите смртни луѓе, повикување на изгонетите од Едем, ослободување на заробениците од трулежноста, вистински живот на верните, наслада на целиот свет, чест на Божествената Троица.

Именувањето на Пасха е ненаситно, бидејќи многукратна е благодатта што се пројавува преку неа. Пасха е почивка на душите, олеснување на телата, просветлување на очите, засладување на грлата, топлина, мир, радост.

Ако празникот на Христовото Воскресение е годишната Пасха, тогаш постои и седмична Пасха.

Секоја недела верникот ја празнува Пасхата. Особено Литургијата и причеста co телото и крвта Христови му ја дава можноста на човекот да учествува во Пасхата. Светиот Јован Златоуст ќе рече карактеристично:

Бидејќи Пасха не е пост, туку принос и жртва, што се случува на секое собрание. Затоа што секогаш кога се собираме на евхаристиско собрание, co потребните еклисиолошки претпоставки, се поразуваат силите на сатаната (свети Игнатиј Богоносец) и стекнуваме чувство дека смртта е победена.

Пасха не се нарекува само празникот, како премин од смртта во животот, туку и Самиот Христос. Впрочем, незамисливо е спасението на човекот надвор од Богочовекот, бидејќи Он е воскресението на луѓето. Затоа светиот Јован Дамаскин, во Канонот на празникот Пасха, Го нарекува Христа – Пасха. Тој пишува:

О, Пасха велика и најсвештена, Xpиcтe, o Мудрост, и Логосу Божји и Сило. Ова именување има врска co зборовите на апостолот Павле:

бидејќи Христос, нашата Пасха, се жртвуваше за нас (I Кор. 5, 7)

Според тоа, преку Христа, Кој е живата Пасха, можеме и ние да ја доживееме Пасхата, која е премин од смртта во животот.

(Воскресение Христово) од Митрополит Јеротеј Влахос

Подготви М. Даниловска

Претходна статијаЗОШТО БИ ОДЕЛ НА ПОКАЈАНИЕ И ИСПОВЕД? Зошто толкав страв и отпор кон оваа Света Тајна?
Следна статијаКАКО ДА СΤΕΚΗΕΜΕ ВНАТРЕШЕН МИР?!