ОМИЛИИ

„… И наеднаш ѝ престана крвотечението”.

Од каде жената можела да знае дека престанало течењето на крвта?

Оти почувствува во телото дека оздраве од болеста. Како жив црвец што постојано врви по гнојливата рана, така и оваа жена морала постојано дотогаш да го чувствува немирното движење на cвојата крв.

Ho кога ce допрела до облеката на Христа, таа почувствувала дека крвта се смирила;

всушност, не почувствувала дека во неа постои крв, како што тоа не го чувствува и секој здрав човек.

Здравјето влегло во неа како магнетизам од магнет, како светлост во темна просторија.

Ова не е единствен случај на исцеление co допир на облеката Христова. На друго место се соопштува дека многумина „го молеа да се допрат барем до крајот од Неговата облека; и тие, штом се допираа, оздравуваа” (Мат. 14,36).

Многубројни се чудата што не се запишани, а Христос ги направи за да им помогне на луѓето.

И тоа не само од својата триесетта година кога почна да им го објавува спасоносното евангелие на луѓето, туку уште од самиот ден и час кога се зачна во пречистата утроба на својата мајка!

Св. Златоуст вели:

„Мноштвото на неговите чуда го надминува бројот на капките од дождот”.

Колку таинствено се изменила сета природа од неговото телесно присуство во светот! И колку и ден-денес се случуваат таинствени чуда и возвишени промени во битието на сите верни кои се допираат co своите усти, причестувајќи се, co Неговото тело и крв!

Сето тоа не може ни да се наброи, ни да се измери и ни да се искаже.

Оваа жена не се допрела до неговото тело, туку само до неговата облека, и веднаш се излекувала од долготрајната болест, од која долго време и co голем труд ја лекувале многу светски лекари.

Таа сиот свој имот им го дала на лекарите.

Лекарите имотот ѝ го зедоа, но здравје не ѝ дадоа.

Но, еве го Господ, бесплатниот Лекар, кој ништо не ѝ зеде, а ѝ даде се што бараше;

и тоа без труд, без маки и без одлагање. Така е потполн и совршен секој дар одозгора, од

“Отецот на светлината (Јак. 1,17).

Пренесено од книгата “Омилии” Недела дваесет и четврта

Свето евангелие според светиот апостол Лука

8:41-56

41. И ете, дојде еден човек, по име Јаир, кој беше управник на синагогата. Па кога падна пред нозете Исусови, Го молеше да појде во домот негов,

42. зашто имаше една единствена ќерка на дванаесет години и таа умираше. А кога одеше Исус, народот се туркаше во Него.

43. И една жена, која страдаше дванаесет години од крвотечение, и сиот свој имот го беше потрошила по лекари, а ниеден не можел да ја излекува,

44. пристапувајќи одзади, се допре до крајот на Неговата облека и наеднаш ? престана крвотечението.

45. И рече Исус: „Кој се допре до Мене?” А кога сите се откажуваа, Му рече Петар и оние што беа со Него: „Учителе, народот Те опколил и Те притиска, а прашуваш: »Кој се допре до Мене?«“

46. Но Исус рече: „Некој се допре до Мене, зашто сетив дека излезе сила од Мене.”

47. Жената, штом виде оти не може да се сокрие, со треперење пристапи, па како падна пред Него, Му кажа пред сиот народ зошто се допрела и дека веднаш оздравела.

48. А Он ? рече: „Не бој се, ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир!”

49. Додека Он уште зборуваше, дојде некој од управникот на синагогата и Му рече: „Ќерка ти умре; не мачи Го учителот!”

50. Но Исус, штом го чу тоа, одговарајќи, му рече: „Не бој се! Само верувај и ќе биде спасена!”

51. А кога пристигна во куќата, никому не му позволи да влезе, освен на Петра, Јована и Јакова, и на таткото и мајката на девојката.

52. Сите плачеа и ридаа по неа. Но Он им рече: „Не плачете, таа не е умрена, туку спие.”

53. И му се потсмеваа, знаејќи дека е умрена.

54. А Он откако ги истера сите, ја фати за рака и извика, велејќи: „Девојко, стани!”

55. И се поврати нејзиниот дух, и се дигна веднаш, и заповеда да  и дадат да јаде.

56. И се зачудија родителите нејзини. А Он им заповеда, никому да не кажуваат за тоа што стана.

Претходна статијаАНГЕЛСКАТА ХИЕРАРХИЈА!
Следна статијаМолитва и житие на Свети Козма и Дамјан – “Бeсплатнo примивтe, бeсплатнo давајтe”