Ѕвезденото небо е – постојан извор на вдахновение за постите и воодушевување за философите.
Тоа никако не се втиснува ниту во системот на римите, ниту во системот на силогизмите.
Ѕвездите се – симбол на вечноста, искри на ноќта, скаменети во лет, зрак светлина во бескрајната далечина на космичките пространства.
Ѕвездите – тоа се дијамантски очи co кои небото гледа на земјата.
Кога ние луѓето би можеле да ги прашаме ѕвездите што е она што постојано и незаменливо го гледаат на земјата, тогаш ѕведите би ни одговориле:
на земјата е постојано само времето и неизменлива е само смртта, сето останато возникнува, се менува и исчезнува, постојана е само непостојаноста на светот, а неизменлива е неговата променливост.
Кога би ги прашале ѕвездите што необично нашле на земјата, тие би одговориле: човечката глупост, која, знаејќи за времето и смртта, ги гради своите домови на непостојана вода и заборава за вечноста.
Смртта е – универзален факт на нашето битие, co смртта се сретнуваме насекаде, таа го следи животот како сенка.
Сепак, смртта останува за нас тајна, до која се плашиме да се допреме.
Чуден парадокс:
ја гледаме смртта насекаде, но покрај очевидноста не веруваме дека таа постои.
Ни се чини дека не сме под нејзина власт, дека нејзиниот ваљак, што здробува сѐ на својот пат, ќе помине покрај нас.
Ја гледаме смртта, понекогаш божем мислиме и зборуваме за неа, но во исто време, дури и поминувајќи покрај гробишта,
во длабочината на срцето не веруваме дека некогаш така ќе лежиме во ковчег прикован co шајки под земја, дека нашето тело ќе биде подложено на распаѓање:
очите ќе ни испаднат од местото каде што стојат, мозокот ќе ни истече преку ноздрите, телото ќе ни се претвори во сукрвица, и гробните црвја ќе нѐ претворат во земја, од која и е земен човекот.
Ја гледаме смртта на своите блиски: еден по друг тие заминуваат во небитие – земја од каде што нема враќање.
Но во длабочината на душата не веруваме дека нам ни претстои истиот пат.
Ја отфрламе таа мисла од себе: премногу е ужасна за нас, како ликот на Горгона.
Тој малодушен страв пред смртта го превртува нашиот живот во жална игра на сенки.
A кога смртта, сепак, ќе дојде, ние не сме подготвени за неа, играме улога на лажливци, што се лажат самите себеси.
Живееме во текот на времето. Времето ни е дадено како некое наследство, како татково богатство, но тоа има своја граница.
Co секој ден се топи и се намалува.
Мислиме дека времето што ни е дадено секогаш ќе ни биде нa располагање, и затоа co пијана штедрост го трошиме. Мислиме дека имаме време, a кога смртта доаѓа, гледаме дека времето се завршило, како размотано клопче волна.
Заборавањето на неизбежноста од смртта и конечноста на времето нѐ приковува, како co шајки да не приковува за земјата.
Ние во суштина доброволно ѝ се предаваме на смртта, фаќајќи се за временото, за она што не може да се задржи.
Шестата заповед гласи: He убивај (2 Мој. 20,13).
Ho ние постојано ја нарушуваме, зашто пocтојанo ro убиваме својот сопствен дух.
Предавајќи се себеси нa власта на временото, непостојаното, променливото и, нa крајот на краиштата, смртното, она што самото cе наоѓa под власта нa пропадливото, ние самите над нашата душа изрекуваме казна.
Заборавајќи на смртта, забораваме на вечноста и co самото тоа се лишуваме себеси од вечниот живот.
И секој ден, предаден само на земјата, е секојдневно самоубиство.
Во Средниот век биле познати слики под назив „Танец на смртта”, во различни варијанти.
Bo неа смртта или го следи човекот, како ловец ѕверот, или се појавува на свадба, или пак оди по градината co коса во раката, не разликувајќи што сече од корен:
какол или цвеќиња, некогаш се наклонува над постелата на дете, или стои раководејќи го пирот, co чаша во раката, меѓу пијаните гости.
Но најомилено сиже бил танецот на човекот во прегратка co невидливата за него смрт во лик на скелет. Човек танцува среде трупови,
но на неговото лице е безгржна насмевка – тоа е образот на нашиот живот, приврзан за земјата.
Сѐ посилни се звуците на тој валцер на смртта, сѐ побрзо се движи злокобниот пap, сѐ поцврсто смртта ги притиска градите на човекот…
и, на крај, го отфрла во купчето трупови, како што фрлаат цепаница во купче дрва.
Нашиот живот е сличен на игра на сенки на ѕидот.
Гасне светлината – исчезнуваат сенките.
Првото убиство на сопствената душа е – неверието во Божеството.
Атеизмот е философија на очајот, бессилна желба да се овековечи земскиот живот, философија што се претвора во грутка омраза спрема Бога.
Атеизмот е недоследен.
Ако е човекот осуден на смрт, тој треба да ги испита сите возможности таа казна да ја избегне.
Кога на човек ќе му најдат рак, тој почнува да бара некакви посебни лекарства и средства, подготвен е да оди на крајот на светот,
ако разбере дека таму можат да го исцелат,
готов е да продаде сѐ што има,
само да си купи право на живот, кој порано или подоцна, сеедно, ќе заврши co гроб.
Сите светски грижи и проблеми му се чинат ситници пред ликот на октоподот на болеста, кој се впил во неговотo тело и му ja пие крвта.
Атеизмот се уверува себеси дека задгробен живот нема, како да ги затвора ушите кога му се зборува за Бога и вечноста, и co наслада се уверува дека спасението не постои.
А кога на човск би му рекле дека во неговата градина е сокриено богатство и дека само треба да се покопа co лопата за да се најде, тој би се обидел да провери дали е тоа точно,
макар да се работи само шанса од еден спрема илјада дека е тоа вистина.
Така, сета огромна книжевна продукција на атеистите во целосност може да се нарече кратко:
„Раководство за атеисти”.
Но има уште една работа, што е уште понеразбирлива и позачудувачка, отколку атеизмот:
човек, верувајќи во Бога и чувствувајќи ја во својата душа Неговата благодат како здив на вечноста, продолжува да живее како Бога да Го нема.
Душата на таквиот човек е слична нa несреќник, кој лежи под остатоците на урната зграда и парчиња земја.
Тој сака да ја отфрли од себе сета таа тежина, но не може да ја помрдне раката.
Ние лежиме под остатоците на нашите урнати планови и надежи, погребени сме под земните грижи, сакаме да се подигнеме,
но нашите страсти повторно нѐ виткаат кон земјата.
За да се биде co Бога, треба да се откажеме од надворешното, да го оставиме само неопходното.
Кога пo човекот трча ѕвер, тогаш човекот, за полесно да може да бега, ја фрла од себе облеката.
А ние се плашиме да се разделиме од материјалниот и душевниот товар и ја носиме на рамената таа тешка вреќа…
Овој живот ни е даден за да го соединиме нашето срце co Бога, да го направиме неракотворен храм на Светиот Дух.
Но ние го правиме срцето кафез за ѕвер или корито за свиња. Кога ќе настане смртта, разбираме дека сме биле излагани, дека вечното е само невидливо, a видливото се преобратува во ништо:
држејќи се за видливото, сме се фаќале за празното.
Вечен е човечкиот дух, тоа постојано го забораваме.
Секој од нac видел череп, неговите разголени заби се слични нa гримаса на насмевка.
Можеби, тоа е слика на тоа дека мртовецот се смее над сопствениот живот, се смее, гледајќи го она што нѐ чека, но засега е сокриено, се смее над себеси и своите собраќа.
Заповедта: нe убивај – ни зборува за тоа да не го убиеме животот на нашиот дух, да нe ro убиеме времето, кое ни е дадено на спасение,
да не ја убиеме нашата душа, закопувајќи ја во гробот на страстите и земните грижи, за да не го убиеме (т.е. да нe се лишиме од) бесценетото богатство,
на кое се чудат дури и ангелите – љубовта на Божеството кон човекот. „He убивај” – значи одбери живот.
Почеток и завршеток, извор, содржина и совршенство на животот е Бог.
Ако нема Бога, тогаш сѐ има крај и животот е само трк на осуден на бесилка.
Ако има Бог – а Он ни го откри Своето битие, Он илјадакратно ѝ сведочи на секоја душа дека е близу и до неа,
– тогаш секој миг на човечкиот живот, секое биење на срцето треба да My биде посветено Нему. Бог е Дух, но Он ни гo дал како некаков залог своето име и тајните на Црквата.
Мистичниот живот на душата е престојување во името Божјо – непрестајна молитва. Кога се заборава и исчезнува молитвата, тогаш човекот отстапува од Бога.
Спасението не е само „лично” дело на поединецот Кога човек стекнува благодат, co својата невидлива светлина го озарува и животот на другите.
Околу таквите луѓе се coгреваат души. Од општење co нив луѓето добиваат сила и внатрешен мир.
А човек, умирајќи во гревови, излачува од себе отров на труп.
Шестата заповед гласи: „He убивај” , т.е. избери живот, а живот – тоа е Бог, Кој слезе на земјата и прими смрт за да нѐ направи нас бесмртни.
Бог, Кој ја создал Вселената, илјадници светови, време и вечност, Кој чека ние самите да го откриеме за Heгo своето срце.
Мојсеј ја завршил својата пророчка проповед и последниот завет co зборовите:
„Живот и смрт ти предложив јас, благослов и проклетство. Избери го животот, за да живееш ти и потомството твое” (5 Мој. 30 19). …
Кога би можеле да се прашаат ѕвездите, кои како јато огнени птици летаат од Исток на Запад:
„Што е она најпрекрасно што сте го виделе на земјата?”, тие би одговориле:
„Најпрекрасно е човечкото срце, во кое свети co Божествена светлина името на Исус Христос”.
Пренесено од книгата „Тајната на спасението“ од Архимандрит Рафаил (Карелин