11. И се случи потоа да оди во градот наречен Наин; и со Него одеа мнозина Негови ученици и многу народ.
12. А кога се приближи до градската порта, ете, изнесуваа мртовец, единствен син на мајка си, а таа беше вдовица; и многу народ од градот одеше со неа.
13. Штом ја виде Господ, се сожали на неа, па ? рече: „Не плачи!”
14. И кога се приближи, се допре до носилото; носачите застанаа, а Он рече: „Момче, тебе ти велам, стани!”
15. Мртовецот стана и седна, и почна да зборува; и Он го предаде на мајка му.
16. И страв ги опфати сите, и Го славеа Бога и велеа: „Голем пророк се јави меѓу нас.” и „Бог го посети Својот народ.”
…
„Штом ја виде Господ, се сожали на неа, па и’ рече: He плачи!”.
Народот беше многуброен поради мајката, едно што таа потекнувала од познато семејство, второ поради загубата на синот единец.
Жалоста била голема кај сите присутни, a таа жалост уште повеќе jа зголемувале плачот и редењето на мајката. И навистина, учеството во нашата жалост, кога смртта ќе грабне некој од нашите најмили, сепак одвај може да ja намали таа жалост. Kora немоќта дава утеха на немоќниот, тогаш тоа e слаба утеха.
Постои едно таинствено чувство коешто многу ретко се открива, a тоа e срамежот од смртта. Луѓето не само што се плашат од смртта, туку и се срамат од неа.
Овој срам e доказ, многу посилен од стравот, дека смртта e последица на гревот човеков. Како што се срами болниот да му ja покаже својата тајна рана на лекарот, така и сите совесни луѓе се срамат да ja noкажат својата смртност.
Тој срамеж од смртта го покажува нашето бесмртно потекло и бесмртна намена.
И животните се кријат кога умираат, како и тие да чувствуваат срам од својата смртност.
А колкав допрва e срамот кај високо просветените духовни луѓе!
Што ќе ни помогне сето наше викање, сета суета,сета чест и слава во часот кога ќе почувствуваме дека се крши земјениот сад во кој бил вселен нашиот живот?
Срам не’ опфаќа колку за слабоста на садот, толку и за безумната суета co која целиот свој век тој сад сме го полнеле.
Но што да се крие: срамот не’ обзема поради лошата миризба co која го наполнивме нашиот телесен сад и која ќе истече од него и кон земјата и кон небото.
Оти содржината на нашиот дух дава или благопријатен мирис или смрдеж и на душата и на телото, зависно од тоа co што човекот го полнел својот дух за време на животот – дали co миризбата на небото или co смрдежот на гревот.
Пренесено од книгата “Омилии” Недела дваесетта, Евангелие за Господ воскресителот (Лука 7, 11-16; Зач. 30)