ВОСПИТУВАЊЕ НА УМОТ

„Премудрост е …

здив на Божјата сила и чист одлив од славата на Седржителот… минувајќи од поколение во поколение во светите души, таа ги подготвува Божјите пријатели и пророци^ (Мудр. 7, 24-27).

Вистината е темел и разбирање на сѐ, на што и да е створено, и нека во твоите дела (внатрешни и надворешни) вистината биде темел на сѐ, а особено нека биде темел на молитвата.

Нека на вистината како на темел се нанижат целиот твои живот и сите твои дела, сите твои мисли и желби.

Како да гледаме на даровите на умот, чувствата и слободата?

Би требало co умот да го спознаеме Бога врз основа на Неговите дела, создавања, откривања, промисли, од човечките судбини. Co

срцето треба да се чувствува љубовта Божја,

Неговиот пренебесен мир, сладоста на Неговата љубов, треба да се љуби ближниот, да се сочувствува co него и во радост и во жалост, и во здравје и во болест и во богатство и во сиромаштија, кога е на висока положба и кога е унижен.

Слободата, пак, треба да ја употребуваме како средство, како орудие за тоа да направиме колку е можно повеќе добри дела,

на усовршување на самите себеси во секој свој недостаток, за на Бога да му принесеме стократно умножен плод.

Нека сите сознанија кои се однесуваат на верата секогаш ти бидат како нови, т.е. нека секогаш имаат иста важност, светост и привлечност.

Што значи: да се бара било каква активност?

Тоа значи да се посака да се исполни co било што внатрешната болна празнина на душата, создадена за дејствување, душа која не трпи да биде невработена.

Запомни:

умот е слуга на срцето, кое е нашиот живот.

Доколку тој (умот) го води срцето кон вистина, мир, радост во животот, тој тогаш ги исполнува своите задачи, тој е вистина; доколку пак умот нѐ води кон сомневање, неспокој, мачење, униние и темнина, тогаш тој се оддалечува од своето задолжение и несомнено е лажлив (лажно знаење, 1 Тим. 6, 20).

Ако, пак, срцето како резултат на верување во нешто чувствува спокој, леснотија и сладост, тогаш тоа е доволно, и од разумот не треба да се докаже вистинитоста на таа работа:

таа несомнено е вистинита, срцето во тоа се убедува co својот живот, бидејќи целта на сите потраги е вистината и животот.

Пренесено од книгата “Како да достигнеме светост” од Св. Јован Кронштадски

 

Претходна статијаБез Христа, празно е целото образование! (Св. Јован Кронштадски)
Следна статијаHe гледај на убавината на човечкото лице – Св. Јован Кронштадски