Лажната современа просветеност нѐ оддалечува од вистинската Светлина, „која го осветлува секој човек, што доаѓа во светов” (Јн. 1, 9) и нѐ приближува кон Hero.

Без Христа, меѓутоа, празно е целото образование.

Многу световни списанија и весници, чијшто број се намножи до крајност, зрачат co световен, а често и богопротивен дух.

Меѓутоа, христијанинот (според својата надеж) не е само граѓанин на земјата, туку и на небото, и би требало да мудрува за небесното.

Се чини дека древната паганска литература (на пример Цицерон) била почиста и подобра, повозвишена по своето начело и своите побуди, отколку некоја литература на христијанскиот народ.

Ипостасниот Збор Очев, на нашиот Господ Исус Христос, постојано и упорно ги навредуваат христијанските народи кои првенствено би требало да бидат словесни, т.е. богоподобни суштества и во усмени и писмени зборови кои, многу често, се трошат залудно, па дури и за соблазнување на христијаните, бидејќи световната литература ќе ги одвлекува од читање на Словото Божјо и списите на Светите Отци.

Уредниците и издавачите на весниците и списанијата co своето намножување на ласкави зборови го ловат и измамуваат Христовото словесно стадо.

О, Слово Божјо! Каков одговор ќе дадеме на Твојот страшен суд?!

Ако читаш световни весници и

списанија, извлечи го од нив тоа што ти е од корист како граѓанин, христијанин и семеен човек, но првенствено читај го Евангелието и списите на Светите Отци, бидејќи е грешно, христијанин, читајќи световни дела, да пропушта да чита боговдаховени списи.

Ти ги следиш случувањата во надворешниот свет, но немој да го губиш од вид ни својот внатрешен свет, својата душа:

таа ти е поблиска и поскапоцена.

Да се читаат само весници и списанија, значи да се живее само co една страна на душата, а не co целата душа или пак значи да се живее само по тело, но не и по дух.

Сѐ што е световно, co светот и ќе се сврши.

“А светот е минлив и похотите негови, a оној што ја извршува волјата Божја, останува довека” (1 Јн. 2, 17).

Еве што е световен кружок:

зборуваат, зборуваат, и во најголем број на случаи пресипуваат „од шупло во празно”, а нема ни збор за Бога, заедничкиот Татко на сите, за Неговата љубов кон сите нас, за идниот живот, за плата.

Зошто?

Се срамат и да започнат збор за Бога.

Меѓутоа, тоа што најмногу нѐ чуди е дека дури и луѓето кои за себе мислат дека се побожни, дека се самите светила (на верата), ретко во круговите на своите семејства или во круговите на мирјаните зборуваат за Бога, за Христос Спасителот, за скапоценоста на времето што ни е дадено, за воздржувањето, за воскресението, за судот, за идните блаженства и вечните маки, така да и тие времето често го поминуваат во празни разговори, игри и професии.

И пак, поради тоа што се срамат да поведат таков разговор, се плашат дека ќе бидат досадни или се плашат дека тие самите нема да издржат и дека нема искрено да го водат разговорот за духовните работи.

Тешко на тебе во денот на Судот, пред заедничкиот за сите и непристрасен Судија.

“Дојде кај Своите, но Своите не Го примија” (Јн. 1,11).

Ние не Го примивме Господ и Творецот на сите! He e примен во нашите домови, не е примен во нашите разговори.

Или на пример, човек чита света книга или наглас чита молитви;

зошто тогаш ги чита неволно, нерадосно, зошто му запира јазикот?

Тоа не се случува заради изобилието на срцето, туку од стеснетоста, и устата едвај зборува.

Од каде тоа потекнува?

Од немарот кон духовното читање или кон молитвата, кој внатре го посеал ѓаволот, или од лажен срам.

О, јадни, јадни сме ние луѓето!

Се срамиме од она, на што би требало да му укажуваме најголема чест.

О, рѓави и зли суштества!

Какви маки заслужуваме поради таквото однесување!

Пренесено од книгата “Како да достигнеме светост” од Св. Јован Кронштадски (поглавје – Воспитување на умот)

Претходна статијаДедо Наум – Воздвижение на Чесниот Крст (Како се откажуваме од Крстот Христов?)
Следна статијаВОСПИТУВАЊЕ НА УМОТ – Св. Јован Кронштадски