1. Тогаш Он влезе во еден кораб, се врати назад и пристигна, во својот град.
2. И ете, донесоа при Него еден фатен, положен на постела. Па кога ја виде Исус нивната вера, на фатениот му рече: „Не плаши се чедо! Ти се простуваат гревовите твои!”
3. Тогаш некои од книжниците рекоа во себе: „Овој богохулствува.”
4. А Исус, штом ги разбра мислите нивни, рече: „Зошто мислите лошо во срцата ваши?
5. Или, што е полесно? Да кажам: »Ти се простуваат гревовите твои!« или да кажам: »Стани и оди!«?
6. Но за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да проштава гревови.” Тогаш му рече на фатениот: „Стани, земи си ја постелата и оди си дома!”
7. И тој стана, ја зеде постелата своја и си отиде дома.
8. А народот, кога го виде тоа, се зачуди и Го прослави Бога, Кој им дал таква власт на луѓето.
ОМИЛИИ
„…Па кога ја виде Исус нивната вера”.
Чија вера? Дали само верата на оние што го донесоа болниот или и на болниот?
Како прво, очигледна е верата на оние што го носеа болниот.
Само поради нивната вера Господ можел да го излекува болниот.
Оти во многу прилики Христос правел чуда и без знаење и надвор од верата на болниот.
Пред сѐ, мртвите, што Тој ги воскреснувал, не можеле да имаат вера, за да се случи чудо поради нивната вера.
Дури и самата околина на умрените не секогаш покажувала особена вера.
За вдовицата од Наин не се вели дека верувала, туку само дека плачела за умрениот син.
Но во часот кога Господ ѝ пристапил и нажален одлучно рекол:
„не плачи”, можеби во тој миг во неа светнала вера во Неговата моќ.
Ниту Марта и Марија, сестрите на Лазар, многу веруваа дека Христос ќе го воскресне нивниот умрен брат, и тоа по четири дена откако бил положен во гроб.
Единствено кнезот Јаир имал силна веpa во Христа кога му пришол и му рекол „ќерката ми умре сега, туку дојди, положи ја раката Своја над неа, и таа ќе оживее” (Мат. 9,18).
Исто така, Христос не лекувал мнозина тешко болни поради нивната вера, туку главно поради верата на нивните роднини или пријатели.
Така Тој го излекувал слугата на капетанот во Капернаум (Мат. 8, – ), не поради верата на тешко болниот
слуга, туку поради верата на капетанот, како што ја излекувал и ќерката на жената Хананејка поради верата на мајката (Мат. 15, 22), како што излекувал и мнозина болни од падавица, бесни и глувонеми поради верата на нивните роднини и пријатели, кои ги приведуваа кон Hero (Мат. 9, 32; 15, 30:17,14).
Гадаринските бесни, пак, ги очистил од демоните и ги излекувал и без нивна вера и без вера на нивната околина, единствено според своите соображенија и според планот за човековото спасение, единствено за да ja разбуди верата на затапените и да ja зајакне во маловерните (Мат. 8, 26).
Bo случајов на овој фатениов пак се гледа дека била голема верата на оние кои го носеа кај Христа.
Христос не морал да ја цени нивната вера според надворешните знаци, туку Тој гледал директно во нивните срца и ја видел нивната вера.
Но ние, кои не ги гледаме срцата на луѓето, можеме според надворешните знаци да видиме дека нивната вера навистина била голема.
Четворицата да се решат да донесат еден безнадежно болен кај Хрисга – зар тоа не е голем знак на вера?
И уште да се качат на покривот на куќата, да го отворат и да го спуштат болниот низ покривот од куќата пред Христа – не е ли тоа очигледен знак на силна вера?
Замислете, на каков ризик тие четворица луѓе ќе се изложија, и на каков потсмев од страна на своите соседи, ако морале, по толку труд и по пробивањето на покривот од куќата, да го вратат болниот назад неизлекуван!
А луѓето и тогаш, како и сега, се плашеа од потсмев и се срамеа од неуспех како и денес.
Само силната вера не се бои од потсмев, ниту се срами од неуспех како што и не се сомнева во успех.
Господ можел, значи, да го излекува болниот откако ја видел само верата на неговите носачи.
Но има знаци дека и самиот болесник имал вера.
Пред сѐ, зар еден човек, макар и одвај при свест, ако немал вера, би дозволил да го влечкаат заедно co постелата no улиците и – што е уште поважно, зар би дозволил да го креваат на покрив и да го спуштаат низ отворот од покривот во куќата?
Но има уште еден внатрешен знак за верата на болниот. Господ му се обраќа co зборот чедо
– „чедо, ти се простуваат гревовите твои”.
Дали Христос би го нарекол чедо неверникот?
Зар на непокаениот би можело да му се рече: “ти се простуваат гревовите твои”.
Кога го воскреснал синот на вдовицата во Наин, Христос не му се обратил co зборот чедо или синко, туку момче.
Оти мртвиот ниту верува ниту може да се кае.
Меѓутоа, тука Тој на болниот му вели: чедо! Па тогаш. не рекол ли Господ „ако човекот се покае, прости му” (Лука 17, 3-4).
Покајанието е, значи, услов за простување. А покајание нема без срам и страв пред Бога и без вера во Бога.
Пренесено од книгата “Омилии”
Недела шеста по Духовден