…Така, имајќи ги пред себе двата описа, ние можеме да имаме јасна слика за настанот за кој станува збор.
Откако слушнал за моќта и за славата на Господа Исуса Христа, а чувствувајќи ја својата грешност и недостојност, капетанот прво ги замолил старешините еврејски да појдат кај Господа и да го повикаат.
Тој воопшто не бил сигурен дека Господ ќе сака да дојде. Тој, можеби, размислувал вака:
Ете, јас сум идолопоклоник и грешник, a Toj е видовит и ќе ја проѕре мојата грешност штом ќе го слушне моето име, та којзнае дали ќе сака да влезе во мојот дом?
Подобро да ги испратам Евреите пред Hero, па ако ги одбие, нив нека ги одбие, а ако се согласи да дојде… ќе видам.
A кога узнал дека Господ се согласил да дојде кај него, целиот се возбудил и се збунил.
Тој сега ги испраќа своите пријатели да му кажат на Христа да не влегува во неговиот дом, бидејќи е грешен и недостоен, туку да каже само збор и слугата ќе оздрави.
Ho штотуку пријателите излегоа пред Господа и му ја соопштија пораката на капетанот, еве го доаѓа и самиот капетан.
Наоѓајки се во голема возбуда, тој не можел да остане дома.
Христос доаѓа под неговиот покрив! He, не: неговите пријатели се уште
не дознале кој е Христос и не ќе знаат да му кажат тоа што треба.
А за еврејските старешини капетанот веќе знае дека тие не го сакаат Христа и немаат вера во него.
Затоа морал тој лично да му излезе во пресрет на Христа, дотолку повеќе што сега знае дека нема да му откаже и co тоа да го омаловажи пред народот.
А тој е офицер.
Навистина, Евреите за капетанот на Христа му кажаа добри зборови: ,
Достоен е да му го направиш тоа, оти го сака нашиот народ, и синагога тој ни направи.”
Но сето тоа што тие го кажаа не ја допира суштината на работите.
Добрината на капетанот тие ja ценат според својата лична корист, што ja имаа од него.
“Го сака нашиот народ”.
Другите римски офицери и чиновници ги презираа Евреите. A овој ги сакал. “И синагога ни направи”.
Сакаат co тоа да кажат: ги потроши своите пари, а ги заштеди нашите.
Ни изгради потребен храм, кој, инаку, ние самите ќе моравме да го градиме и да го платиме.
Се зборуваат како да му зборуваат на Кајафа, а не на Христа.
На се ова Христос ништо не одговори, туку одеше co нив молчејќи.
Потоа излегуваат пред Христа пријателите на капетанот и на крајот самиот капетан.
Сретнувајќи се co Христа лице в лице, капетанот секако морал да ја повтори целата работа која на Господа веќе му била соопштена.
А Исус му рече: „Ке дојдам и ќе го излекувам”
Погледнете, како зборува Оној што има власт и моќ!
He вели:
ќе видиме!
Ниту пак го прашува како другите:
Веруваш ли дека е тоа можно да го направам?
Бидејќи веќе го гледа срцето на капетанот и ја знае неговата вера.
My зборува одлучно, како што никогаш ниту еден лекар не се осудил да зборува:
Ќе дојдам и ќе го излекувам.
А вака одлучно и јасно Господ намерно зборуваше за да го предизвика пред Евреите следниот одговор на капетанот.
Оти кога Господ прави некоја работа, Тој ја прави така, од неа да не биде само една полза, туку многу.
Овој настан Христос сакал многукратно да го искористи: и да го излекува болниот, и да ја открие големата вера на капетанот, и да ги укори Евреите за неверството, и да искаже едно големо пророштво за царството: за оние кои мислат многу сигурно за себе дека ќе
влезат, во тоа царство, a нема да влезат, и за оние кои не мислат да влезат, а ќе влезат.