„Мир вам!”

Bo првиот ден од седмицата, многу рано, тие дојдоа на гробот, носејќи приготвени мириси, а заедно co нив беа и некои други;

и како влегоа не го најдоа телото на Господа Исуса.

И додека се чудеа на тоа, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во светли облеки; тие се уплашија и ги наведнаа лицата кон земјата, а овие им рекоа:

„Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите? Он не е овде, а воскресна; сетете се како ви рече, кога беше уште во Галилеја, говорејќи дека Синот Човечки треба да биде предаден на луѓе грешници и да биде распнат, и на третиот ден да воскресне.”

И се сетија на Неговите зборови.

Па штом се вратија од гробот, им го соопштија сето тоа на единаесетте и на сите други.

А тие беа Марија Магдалима, и Јоана, и Марија Јаковова и други co нив, што им го кажаа тоа на апостолите.

И нивните зборови им изгледаа како лага, и не им поверуваа.

Но Петар стана и отиде бргу до гробот, и кога се наведна, го виде внатре само покровот и се врати, чудејќи се сам во себе за она што станало.

Bo истиот ден двајца од нив одеа во едно село, по име Емаус, кое беше оддалечено од Ерусалим шеесет стадии;

и зборуваа помеѓу себе за сите овие настани.

И кога разговараа и се запрашуваа еден co друг, Сам Исус се приближи и одеше co нив;

но очите им се замрежија за да не Го познаат.

А Он им рече:

„Какви се тие зборови што ги разменувате помеѓу себе одејќи и зошто сте нажалени?”

Едниот од нив, по име Клеопа, My одговори и рече:

„Единствсн туѓинец ли си ти во Ерусалим, та не си разбрал што стана во него овие дни?”

И ги праша: „Што?”

Тие му одговорија: „Она што стана co Исуса Назареецот, Кој беше пророк, силен на дело и на слово, пред Бога и пред сиот народ: дека нашите првосвештеници и управници Го предадоа да биде осуден на смрт и Го распнаа; а нне се надевавме дека Тој е Оној што треба да го избави Израилот; но и покрај сето тоа, денес е веќе трет ден, откако стана ова.

A и некои жени од нашите нѐ исплашија; тие биле рано на гробот, и не го нашле телото Негово; и кога се вратија, рекоа дека им се јавиле ангели и дека им кажале дека е Он жив.

Отидоа на гробот и некои од нашите и најдоа исто така како што рекоа жените; но Hero не Го виделе.”

 

Тогаш им рече:

„О безумни и тврди пo срце, да верувате во сѐ што рекле пророците!

He требаше ли така да пострада Христос и да влезе во Својата слава?”

Па како почна од Мојсеја и од сите Пророци, им зборуваше што е кажано за Heгo во целото Писмо.

И тие се приближија до селото во кое одеа; а Он се направи како да сака да продолжи.

Но тие Го задржаа, велејќи: „Остани co нас, оти денот превали и наскоро ќе се стемни!”

Он влезе и остана co нив. А кога седеше co нив на трпеза, зеде леб, го благослови, го прекрши и им подаде; тогаш им се отворија очите и тие Го познаа; но Он стана невидлив за нив. И си рекоа еден на друг:

„Зар не гореа срцата наши, кога ни зборуваше по патот и кога ни го објаснуваше Писмото?”

Па во истиот час станаа, се вратија во Ерусалим и ги најдоа собрани единаесетте и оние што беа co нив, каде што говореа дека Господ навистина воскреснал и му се јавил на Симона.

И тие кажаа за она што им се случи по патот и како Го познаа, кога го прекршувал лебот. Додека тие уште зборуваа за тоа, Сам Исус застана среде нив и им рече:

„Мир вам!”

А тие, така збунети и уплашени, помислија дека гледаат дух. Но Он им рече:

„Што се плашите и зошто такви мисли влегуваат во срцата ваши? Видете ги рацете Мои и нозете Мои:

Јас Сум Истиот; допрете се до Мене и гледајте; зашто духот нема тело и коски, а, како што гледате, Јас имам.”

A кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете.

Ho, додека тие од радост уште не веруваа и се чудеа, Он им рече: „Имате ли овде нешто за јадење?”

Тие My дадоа парче риба печена и мед co саќе. И кога зеде, јадеше пред нив. Па им рече:

„Ете, тоа е она за што ви зборував уште додека бев co вас, оти треба да се исполни сѐ што е напишано за Мене во Законот Мојсеев и кај Пророците, и во Псалмите.

Тогаш им го отвори умот за да ги разбираат Писмата, и им рече:

„Така е напишано и така требаше да пострада Христос и да воскресне од мртвите на третиот ден, и да биде проповедано во Негово Име покајание и проштевање на гревовите кај сите народи, почнувајќи од Ерусалим; а вие сте сведоци за ова.

И ете, Јас ќе го испратам врз вас ветувањето од Мојот Отец; a вие останете во градот Ерусалим дури не се облечете во сила одозгора.”

И ги изведе надвор од Витанија, па кога ги подигна рацете, ги благослови. И кога ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на небото; тие My ce поклонија и се вратија во Ерусалим co голема радост.

И беа постојано во храмот, каде што Го прославуваа и благословуваа Бога.

Амин! (Лука, 24)

Претходна статијаПРАЗНИК НАД ПРАЗНИЦИТЕ – Големиот ден на Воскресението!
Следна статијаМИРОНОСИЦИТЕ СТАНАЛЕ ЕВАНГЕЛИСТИ НА ЕВАНГЕЛИСТИТЕ И АПОСТОЛИ НА АПОСТОЛИТЕ!