Од придавање важност на себеси доаѓа умисленоста, а заради умисленоста одстапува благодатта:

зашто му е омразен на Господа секој кој е со гордо срце.

Од вообразеноста произлегуваат две работи:
фалбаџиство и осудување на другите.

Тоа е злобна тројка (три впегнати коњи), која ита во пропаст.

Тие диви коњи треба да се спрегнат и скротат. Така ќе се оствари она: потивко одиш, подалеку стигнуваш.

… Не треба премногу да се занимаваш со себеси.
Светите Отци велат:

„Не мери се себеси“… Најдобра мерка за себеси е:

“Нема ништо“…

Господи, дај ми да направам добар почеток!..

Господи, Кој со сите управуваш, спаси ме!

Изгонувајте ја секоја мисла за мерење на себеси, и заборавајќи што било – како воопшто да не ни било – и одете напред.

Зашто ѓаволот наведува на тоа да се мериме себеси, за да би пробудил умисленост и потполно би ја упропастил работата.
Секогаш говорете си себеси:

„Ништо нема, нема што да се мери“.

Придавањето на вредност на себеси и губењето на благодатта секогаш се нераздвојни.

Господ ги одвраќа Своите очи од оној кој се вообразил…

А по отстапувањето на благодатта не следи секогаш пад.

Следи само оладување, лоши движења и неотпорност против страстите, не во смисла на пад во страсни дела, туку во смисла на поматеност на срцето: на пример, некој ќе каже непријатен збор… и срцето ќе се распламти со гнев…

Свети Теофан Затворник

Претходна статијаНЕДЕЛА ТРЕТА ОД СВЕТИОТ ПОСТ – ГОЛЕМА ВЕЧЕРНА
Следна статијаШТО Е СТАРЕЦ?