Противење на демоните
• Заради спасителното дејство кое на нас го имаат молитвата и сеќавањето на Бога, а посебно молитвата Исусова, како средство за живеење во постојано единство co Бог и постојано одбивање на нападите на ѓаволот – занимавањето co молитвата Исусова особено му е омразена на ѓаволот.
Оние кои се занимаваат co молитвата Исусова, подложени се на посебно гонење од ѓаволот. „Целиот труд и целата грижа на навниот непријател – вели преподобен Макарие Велики – се состои во тоа, нашата мисла да ја одврати од сеќавањето на Бог и од љубовта кон Hero; тој за тоа ја употребува прелеста на светот и одвлекува од вистинското богатство кон замислени, непостоечки богатства”.
Од таа причина, оној, кој се посветил на вистинско служење на Бог co постојаната Исусова молитва, особено треба да се чува од расеаност на мислите и никако да не си дозволува мислено празнословие, туку не обрнувајќи внимание на мислите и фантазиите кои се појавуваат, постојано да се враќа во молење co името Исусово, како во некое пристаниште, верувајќи дека Исус неуморно се грижи за оној слуга, кој постојано се наоѓа покрај Heгo, co постојано сеќавање на Heго.
„Лукавите демони – вели преподобен Нил Синајски – ноќе се трудат сами да го вознемират духовниот молитвеник, а дење, преку луѓето кои го опкружуваат сo клевети, искушенија и неугодности”.
Ваквиот поредок во демонските напади бргу на дело ќе го види секој произносител на молитва.
Демоните искушуваат co помисли, co мислени фантазии, co наизглед духовни размислувања, co предизвикување на претерана грижа и разни стравови, како и co други појави на неверување.
Bo своите најразлични демонски напади, чувството на вознемиреност секогаш служи како сигурен показател на приближување на паднатите духови, дури и кога дејството што го предизвикуваат има изглед на праведност.