Колку сме среќни, ние христијаните, што имаме ваков Бог!

Жал ми е за луѓето кои не Го познаваат Господ.

Тие не ја гладаат вечната Светлина и после смртта одат во вечна темнина.

Ние тоа го знаеме, зашто Светиот Дух Кој е во Црквата, на светите им открива што се случува на небото, а што во пеколот.

О, бедни, залутани луѓе!

Тие не знаат што е вистинска радост.

Навистина, понекогаш се веселат и смеат, но смеата со кои тие се смеат и радоста со која се радуваат, ќе се претворат во плач и духовна мака.

Нашата радост е Христос.

Со Своите страдања Тој нѐ запишал во Книгата на животот и ние во небесното Царство ќе бидеме вечно со Бога, ќе ја видиме Неговата слава и ќе се насладуваме со неа.

Нашата радост е Светиот Дух. Тој е бескрајно благ и пријатен, и во душата сведочи за нејзиното спасение.

О, браќа мои, ве молам и преколнувам во името на Божјото милосрдие, верувајте во Евангелието и Преданието на Светата Црква, и уште тука на земјата ќе се почувствувате како во рајот.

Зашто, Божјото Царство е внатре во вас. Божјата љубов го внесува рајот во душата.

Многу кнезови и цареви, кога ја почувствувале таа љубов, ги оставиле своите титули.

И тоа е разбирливо, затоа што Божјата љубов до солзи ја насладува душата со благодатта на Светиот Дух и ништо земно не може да се спореди со неа.

 

Преподобен Силуан Светогорец

Претходна статијаПРЕПОДОБНА МАЈКА ПАРАСКЕВА СВЕТА ПЕТКА, МОЛИ СЕ ЗА НАС!
Следна статијаСветиот маченик Лонгин (Од Православниот календар)