Осумнаесетта Недела по Педесетница

1. Еднаш, кога народот се притискаше кон Него за да го чуе словото Божјо, Он стоеше покрај Генисаретското Езеро.

2. Тогаш виде два кораба, што стоеја покрај езерото; а рибарите, излегле од нив, си ги плавеа мрежите,

3. Како влезе во еден од корабите, кој беше на Симона, го замоли да се оддалечи малку од брегот, па седна и го поучуваше народот од коработ.

4. А штом престана да говори, му рече на Симона: „Заплови во подлабоко и фрлете ги мрежите свои за лов!”

5. Но Симон Му одговори и рече: „Наставниче, цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме; но по Твоја волја ќе ја фрлам мрежата.”

6. И штом го направија тоа, тие уловија голема количина риба, та дури и мрежата им се скина.

7. Им дадоа знак на другарите, што беа во другиот кораб, да дојдат и да им помогнат; и тие дојдоа и ги наполнија и двата кораба така, што за малку ќе потонеа.

8. А кога го виде тоа, Симон Петар падна пред нозете Исусови и Му рече: „Оди си од мене, Господи, оти сум човек грешен!”

9. Зашто беше влегол страв во него, и во сите што беа со него, од тој лов на риби, што ги уловија;

10. а исто така и во Јакова и Јована, синовите Зеведееви, кои му беа другари на Симона. И му рече Исус на Симона: Не бој се! Отсега ќе ловиш луѓе!”

11. Кога ги извлекоа двата кораба на суво, оставија сe и тргнаа по Него.

Претходна статијаЗА ШТО СЕ’ ТРЕБА ДА СЕ ПОКАЕМЕ И ИСПОВЕДАМЕ!
Следна статијаЗаплови во подлабоко! (Постепен пристап) Дедо Наум