Старецот рече: „Примајте сѐ co добри мисли.
Поинаку не бидува”.
3. Старецот рече:
„Секој нека се постави на местото на другиот.
За жал, духот кој царува денес меѓу нас, посакува човек да го преземе местото на другиот, а не да се постави на него за да сочувствува.
Затоа светот се претворил во лудница.
Кога некој ќе се постави на местото на другиот, сѐ се поправа.
Ќе ви дадам пример:
ако младата сопруга беше влегла во положба на својата свекрва и би размислила дека и таа еден ден ќе стане свекрва и ќе сака снаата да ѝ помага и да не се однесува грубо co неа – зарем не би се однесувала внимателно и љубезно кон својата свекрва?
Да знаете дека ако човек не постапува духовно, тогаш почнуваат да дејствуваат духовните закони и еве што ќе се случи:
Бог ќе ја одземе Својата љубов од таков човек за да го натера уште во овој живот да го прави тоа што е должен”.
4. Интересно е кажувањето за добрите помисли co коишто треба да ги пресретнуваме животните тешкотии. И така, отец Пајсиј ни го раскажа следново:
„Еднаш еден мој познајник западна во лоша положба. Тој имаше куќа во мирниот дел од градот во којшто и работеше.
По извесно време блиску до неговата куќа изградија авторемонтна работилница, a подоцна направија и голем булевар, па така местото стана многу фреквентно.
Од постојаната бучава кутриот не можеше да спие.
Дојде кај мене и ми рече:
‘Оче, што да правам? Друга куќа ли да градам? Но, како да ја изградам, кога имаме пет деца? Што да правам? He можам да се успокојам’.
И така, положбата на тоа семејство беше многу тешка и тие беа принудени да земаат лекови за смирување.
Јас му реков дека оваа ситуација не ја прифаќа на духовен начин.
‘Ако, не дај Боже, беше станала војна и таа куќа ти го спасеше животот, како би гледал на неа?
Природно, како на голем Божји благослов за тебе и за твоето семејство.
Надвор ќе убиваа, а твојот живот би бил во безопасност и ти тоа би го сметал за голем благослов.
A cera, додај уште една добра мисла и речи:
Слава на Тебе, Боже!
He поминуваат колони тенкови и сл. Поминуваат само автомобили и луѓето брзаат на работа. Слава Ти, Боже! Нема војна. Колку голем благослов!
И така, и за едното и за другото да Го славиме Бога’ “.
5. Старецот рече:
„Ако не внесуваме во својот ум добри помисли и не постигнеме безмолвие внатре во себеси, и во пустина да се наоѓаме нема да можеме да безмолствуваме.
Зашто и таму ѓаволот во текот на ноќта ги собира сите чакали да завиваат. А преку денот ќе ги собере сите чучулиги на дрвото во дворот.
И, ако дење ги бркаме co прачка чучулигите, а ноќе фрламе co камења по чакалите, тогаш ѓаволот нѐ воведува во прелест. Затоа, сѐ пресретнувајте co добри помисли”.
…..6. Деновите на мојот воен рок понекогаш поминуваа спокојно, додека во текот на ноќта се случуваа силни напади од лукавиот. Во еден тежок и опасен период за мојот духовен живот, од отец Пајсиј го добив следново писмо:
Чесниот Крст, 10 февруари 1973 г.
Радувај се во Господа, брате Дионисиј!
Ти посакувам добро здравје по молитвите на св.
Харалампиј.
Го добив твоето писмо уште пред еден месец, но не ти одговорив веднаш затоа што мислев дека имаш поголема потреба од Божјата помош отколку од човечките совети.
He плаши се, брате мој, во борбата co неиријателот, само не му давај повод за дрскост.
Така се случува во почетокот, кога душата се стреми да избега од неиријателот засекогаш.
Помислите, брате мој, се помисли, и нив ги допушта Бог, на пример, како што се случило co Joв, за да се открие Божјата правда.
Направи напор да не се согласуваш co нив.
Иако си бил победен неколку пати, не губи присебност на духот, исповедај се и повторно, co смирение, бори се.
Затоа што „дури и ако пак бидете победени, пак ќе надвладеете, зашто co нас е Бог”.
He знам дали таму најде некој духовник. Треба да контактираш co духовни луѓе за да добиваш помош.
Во манастирот Петраки е отец Серафим, а таму е и отец Епифаниј Теодоропулос”.
Bo обителта Пендели е отец Порфириј, но не е во самата неа, туку во близина на манастирот. Во Атика има еден добар ѓакон, отец Никодим (од Јанина). Исто и еден отец Никодим, проповедник на Атинската Митрополија;
пa така, ако сакаш, оди во мое име. Во Тива е отец Игнатиј, проповедник, и ако ти се даде можност, оди и помини го времето во духовна полза.
Ако имаш време, не ќе е лошо да дојдеш и тука за време на отсуството, само дојди co доволно време, затоа што морето сега е непредвидливо.
Секогаш те спомнувам и секогаш сум ти на располагање ако мислиш дека можам да ти бидам од полза за нешто.
Прости ми за нечитливиот ракопис, но сега времето е мрачно и слабо се гледа. Христос и Пресветата да бидат co тебе.
Co љубов во Христос,
Твојош брат, монах Пајсиј
П.С. Bo однос на тоа што мислиш дека сите се занимаваат co тебе: тоа е искушение и не му обрнувај внимание, затоа што неиријателот – ѓаволот се обидува да ти внесе манија на гонење.
Гледаш ли колку е зол ѓаволот? Ја распростира мрежата за почетниците и се стреми да ги турне во неа.
Затоа воопшто не ѝ верувај на таа помисла. Ако видиш и конкретни случаи, знај дека и тоа го подготвил истиот тој непријател за да те падне.