„…Рајот и пеколот не постојат низ Божјата туку низ призмата на човечката состојба.
Бог им ја дава на сите луѓе својата благодат, зашто Тој преку своето сонце ги осветлува и добрите и лошите, давајќи им дожд и на праведниците и на неправедниците (Мт. 5; 45).
Ако Бог ни заповеда да ги љубиме сите луѓе, дури и своите непријатели, тогаш тоа значи дека и Тој Самиот го прави истото.
Невозможно е да не се љубат и грешните.
Меѓутоа, секоја личност, зависно сопствената духовна состојба, поинаку ја чувствува љубовта Божја.
Светлината има две својства, да озарува и да согорува (изгорува).
Ако некој има добар вид, тој има корист од сончевата особеност да озарува (осветлува), од светлината, и тој ужива во сецелата створеност.
Меѓутоа, ако некој е лишен од вид, ако не гледа, тогаш, таа личност само го чувствува пламтечкото својство на светлината.
Така ќе биде и во идниот живот, исто како што се случува и во животот на душата кога се разделува од телото.
Бог ќе ги љуби и грешниците, но тие нема да бидат во состојба таа љубов да ја почувствуваат како светлина.
Тие ќе ја чувствуваат како оган, зашто нема да поседуваат духовно око и духовно зрение (гледање).
Нешто слично може да се примени и на св. Причест.
Сите можат да се причестат, но за подготвените и достојните таа е светлина и живот, а за оние коишто недостојно ѝ пристапуваат таа е суд и осуда…“
(Извадок од книгата „Животот после смртта“- Јеротеј Влахос)