За благодатта
Чувајте ја Божјата благодат.
Со неа многу лесно се живее.
Сѐ оди на добро по Бога, сѐ е мило и радосно. Душата е спокојна во Бога и ѝ се чини како да е во некоја прекрасна градина заедно со Господ и Божјата Мајка.
Без благодатта човекот е грешна земја додека со Божјата благодат умот му е сличен на ангелите. Ангелите со умот Му служат на Бога и Го љубат.
Затоа и човекот со умот е како ангел.
Блажени се оние, кои ден и ноќ не престануваат да се грижат како да Му угодат на Господа и како да станат достојни за Неговата љубов, бидејќи преку опит ќе ја почувствуваат благодатта на Светиот Дух.
Благодатта не може да дојде во душата, а да не се почувствува. Исто како, кога душата ќе ја изгуби, таа не престанува да тагува за неа и со солзи да ја бара.
Колку само упорно родителите го бараат детето кое го изгубиле.
Но, душата која Го љуби Бога, Го посакува со многу поголема тага и упорност, така што тогаш, не се ни сеќава на блиските луѓе.
Слава Му на Бога што ни дава да го препознаеме доаѓањето на благодатта и што нѐ учи да знаеме зошто таа доаѓа, а зошто си оди. Душата на оној, кој ги извршува сите заповеди непрестајно ќе чувствува благодат, па дури и да била сосема мала.
Но, благодатта лесно се губи заради славољубието, дури и поради една горда мисла.
Можеме многу да постиме и да се молиме, и многу добри дела да правиме, но ако при тоа се вознесуваме, сите наши добри дела ќе бидат празни, како барабанот кој многу вреви, а одвнатре е шуплив…“
( Од Преданието на Светите отци