ОД БОГА ИЛИ ОД ДЕМОНОТ!

Не е лесно да го различиме она што се раѓа во нашето срце под влијанието на демонот.

До ова, некој стигнува постепено, преку подвиг, со борба против страстите, што ние, чедата на Адам, ги носиме во нас.

Така, лека – полека, почнуваме да расудуваме, да чувствуваме дека таквата помисла, таквото движење на душата
не преисходи од Бога, туку од непријателот.

Таквата состојба не настанува со размислување,
туку со чувство, со непосредно претчувство,
исклучително истанчено и способно за
РАЗЛИКУВАЊЕ,
што секогаш е резултат на повеќегодишен макотрпен подвиг.

Според Свети Исаак и нашиот отец Силуан,
расудувањето, исто така зависи и од начинот, како Светиот Дух дејствува во нашето срце , од опитот на благодатта, и на демонските напади што ни се случуваат.

Намалувањето или губењето на благодатта е знак, дека помислата доаѓа од непријателот.

Спротивно, помислата доаѓа од Бога,
од ангелот или од самиот Свет Дух, тогаш
кога не исполнува со радост и ни дава посебен мир!

(Архимандрит Софрониј)

Претходна статија…И ОДНЕНАДЕЖ ДОЈДЕ ПОТОПОТ…` Поука од св. Теодор Студит
Следна статијаСЕТО ТОА… НЕ СУМ ГО ЗАПАЗИЛ ОД МЛАДИНИ (Митрополит Наум)