СВЕТИ ПРОРОК ИЛИЈА – БОГОВИДЕЦ
„ Ангел во телото, столб на пророците, втор претеча на Христовото доаѓање – Илија Славен, откако одозгора му испрати благодет на Елисеј, овој болести прогонуваше и прокажани очистуваше“. Затоа на оние кои го почитуваат им дава исцеление, се вели во тропарот.
Со молитва го отворил затвореното небо и заврнал дожд. На Ахав и Језевија им ја прорекол страшната смрт. На планината Хорив разговарал со Бог. Св. Илија со својата наметка ја разделил водата на реката Јордан.
Во Светата Земја, во манастирот „Св. Георги Хозевитски“ има пештера, во вдлабината висока карпа ( каде го хранеле гавраните ), посветена на Св. пророк Илија и икона со неговиот лик и гавранот кој му носи во клунот храна.
Поклониците му оддават почит на Бога и на Св. Илија на тоа свето место. Св. Илија се вознел на небото. Како што оделе по патот заедно со Елисеј „наеднаш се појави огнена кола и огнени коњи, и ги раздвоија еден од друг, и Илија се понесе во виорот кон небото“.