He ти се дозволува да живееш рамнодушно: направи си прецизен закон, зошто животот е подвиг и борба, „секој, кој се подвизува, се воздржува од се” (1. Кор. 9, 25).
Да ви кажам ли еден добар и безопасен начин на делување?
– Да го исфрлиме од душата она, кое ни се чини рамнодушно, но кое ги пораѓа гревовите.
Од активностите едни се гревови, a други не се гревови, но стануваат причина за гревови;
на пример смеењето по својата природа не е грев, но тој станува грев ако се распрсне без мерка, зошто од смеењето се раѓаат исмевања,
од исмевањата – срамни зборови,
од срамните зборови – срамни дела, а после срамните дела – казна и мачење.
Истргнете го пред сѐ коренот, за да се излекува болеста.
Ако се пазиме од рамнодушност, нема да потпаднеме ни под заканата.
Така на мнозина им се чини дека е сеедно да се сопрат и да набљудуваат жени;
но од тоа се раѓаат бесрамни желби,
од желбите – блуд, а од блудот пак – казна и мачење.
Исто така и раскошот наизглед не претставува нешто страшно, но од тука произлегува пијанство и безбројни други зла, поврзани co пијанството.
И бидејќи, вие добивате упатства секој ден; затоа ние седум дни по ред правиме средби, при што ви предлагаме духовна трпеза.
Тука ние ви поднесуваме да вкусите од божествените реченици, при што ве подготвуваме секој ден за борба и ве вооружуваме против ѓаволот, оти сега тој напаѓа посвирепо – колку повеќе дар, толку повеќе борба.
Ако ѓаволот не можел да истрпи кога го гледал рајот, кажете ми, како може тој да трпи, кога ќе види толку многу народ на небото?
Вие веќе сте го разбеснеле ѕверот, но не плашете се.
Добивате поголема сила, изострен меч, победете ја co него змијата!
Затоа имено Бог му дозволува да се жести на вас, за да можете вие на дело да ja спознаете својата сила.
Христос го уништува непријателот; но за да можете да ја познаете супериорноста на благодатта, големината на духовната сила, која вие ја добивате при крштевањето.
Тој му допушта да стапи во борба co вас и дури му дава случаи да добиете венци.
После тоа седум дена по ред вие се ползувате од упатствата, за да ги научите точно начините на борба.
Од друга страна, тоа, кое сега се извршува, е духовен брак; а брачното торжество продолжува седум дена.
Затоа и ние наредивме вие да присуствувате тука при овој свет брак. Но таму после седмиот ден торжеството престанува; а тука, ако сакате, можете постојано да присуствате при светиот брак.
При секоја женидба невестата по извесно време станува помалку љубезна кон младоженецот; a тука не е така, колку повеќе време минува, толку попламена станува љубовта на младоженецот, толку поискрени се прегратките, толку подуховно е општењето!
Освен тоа, за оние после младоста настапува старост; а тука – по старост младост и без да има крај, ако, се разбира, ние го посакаме тоа.
Благодатта е голема, но таа ќе биде уште поголема, ако ние го посакаме тоа…
Пренесено од книгата на Св. Јован Златоуст
“СЛАВА МУ НА БОГА ЗА СЀ” Избрани беседи, мисли и поуки