Дома Празници ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК!

ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК!

0
944

СТРАСНА СЕДМИЦА

ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК

Бдението спроти Великиот четврток е посветено исклучиво на Тајната Вечера, која Христос ја прослави со своите апостоли.

Главна тема на овој ден е вечерата на која Христос заповеда Пасхата на Новиот Завет да се јаде во знак на Негово сеќавање, на Неговото скршено Тело и Неговата Крв пролеана за отпуштање на гревовите.

Покрај тоа, централен дел во литургиското сеќавање на овој ден го прави Јудиното предавство и миењето на нозете на учениците.

Понекогаш во катедралните храмови, по Литургијата епископите извршуваат посебен обред на миење нозе на свештениците.

На бдението за Велики четврток се чита Евангелието од Лука, кое раскажува за Тајната Вечера и сите песнопеења исто така говорат само за неа:

Кога славните ученици во време на вечерата со миењето се просветуваа, тогаш злочестивиот Јуда со болеста на среброљубието се помрачуваше и на безаконите судии Тебе праведниот Судија Те предаде.

Погледни заљубениче во парите поради кои Него на давење си го предал. Бегај ненасштна душо, која вака на Учителот си се осмелила.

Благ Господи спрема сите, слава Ти (тропар на Велики четврток).

Со владично гостопримство и бесмрттна трпеза, на горното место, со возвишени умови одете верни и да се насладуваме. Со Возвишената Реч, од Словото научени. Него да го величаме (ирмос).

Литургијата на св. Василиј Велики се извршува заедно со Вечерната. Се читаат делови од Книгата за Излезот, Јов, Исаија и првото Послание на св. апостолот Павле до Коринтјаните (Гл. 11).

Евангелското читање е посебно составено од описите на Тајната Вечера од сите четири Евангелисти.

Херувимската песна и причесните стихови се заменуваат со пеење на следната молитва.

Прими ме денес, Сине Божји, за причесник на Твојата Тајна вечера, зашто нема да ја кажам тајната на Твоите непријатели, ниту ќе Ти дадам бакнеж како Јуда, туку како разбојник Те исповедувам:

Спомни ме, Господи во Твоето царство!

Може да се каже дека во најдлабоката смисла Преломеното Тело и пролеаната Крв, за кои Христос им зборуваше на Своите ученици на Тајната Вечера, не беа едноставно предвкусување и предчувство на Неговиот Крст, гроб, тридневното воскресение, вознесението на небо, туку напротив, сето тоа се случи за луѓето да го добијат Божјиот благослов за вечната Света Причесна.

Затоа на Вечерата Тој не им се обраќа само на апостолите, туку и на сите верни луѓе:

Не бој се, мало стадо, зашто е волја на вашиот Отец да ви го даде царството (Лк. 12, 32).

А вие сте тие кои што се одржавте со мене во моите искушенија. И јас ви го ветувам Царството како што мене ми го вети Отецот, да јадете и да пиете на мојата трпеза во моепло царство… (Лк. 22, 28-31).

Така Тајната Вечера на Синот Божји што постојано се слави на светата Литургија на христијанската Црква, е самата суштина на она што во Царството Божјо ќе биде живот за вечноста.

Блажен е оној што ќе го вкуси лебот во Царството Божјо! (Лк. 14,15).

Блажени се повиканите на брачната вечера на Агнецот (Откр. 19, 9).