Како што младоженецот не стапува во брак co власт и сила, туку co љубов и смирение, така и Христос дојде при луѓето.

Впрочем љубовта не може да се поврзува co господството и co тиранијата.

Христос е Царот на новиот Израил на Божјата благодат. Но Он не го прави Своето Царство co световна слава и co световен начин на мислење. Тоа е царство на љубов и на смирение.

Христос не доаѓа во Ерусалим и во историјата како другите цареви и господари, не е некој злосторник и угнетувач кој е придружуван од бранители, ниту влече co себе мноштво војници.

He е како царевите и господарите кои бараат од луѓето даноци, робувања и груби служења. Знаме дека Христови се смирението, сиромаштвото и понизноста (свети Григориј Палама).

Светите отци, кога го коментираат Христовото влегување во Ерусалим, ја имаат предвид вообичаената слика од својата епоха, кога разни цареви и војсководци влегувале во градовите co власт и co многу сила.

Меѓутоа, Христос нема таква власт, ниту сака да им се наметнува на луѓето на таков начин.

Затоа, свети Епифаниј Кипарски ќе рече дека Христос немаше жезли и труби, туку се појави co крајно сиромаштво.

He беше носен co придружба од мечеви, оружја и копја, како што тогаш правеле земните господари, туку беше придружен од крајно смирение.

Немаше вооружени луѓе, штитови и шлемови, туку крајна кротост, бескрајна незлобивост и надмерна умереност.

Христовото смирение не е една лицемерна надворешна добродетел, туку е израз на Неговата љубов и на Неговата едноставност. Оној кој е едноставен (прост) во однос на природата, но и љуби, истовремено е и смирен.

Според тоа, поврзувањето на Христовото смирение co Неговата едноставност и љубов, всушност, е Неговата несоздадена енергија, која произлегува од простата природа на Божеството.

Затоа, кога светителите се удостојуваат да Го видат Христа во Неговата слава, биваат поробени од Неговата љубов и смирение.

Христос е кроток и смирен по срце, како што впрочем тоа Самиот го објави…“

Од Преданието на св. отци

Претходна статијаА гледајте, дали ние живееме вака?
Следна статијаАскетски подвиг – Недела на свети Јован Лествичник (Дедо Наум)