„Царството Божјо е внатре во вас (Лука 17, 21).

Влези во самиот себе, усрдно барај, па без напор ќе го најдеш…

Влези во себе и живеј во самиот себе, во прекрасната ќелија на духот свој – и таму барај го Царството, како што нè учеше нашиот Спасител…

Влези, значи, во себе, пребивај во своето срце, зашто таму е Бог. Тој не те напушта, туку ти Го напушташ Него…

Прекрасно е ова и чудесно, недостижно за небесните и неискажливо за земните. Недостапниот, за секој ум, влегува во срцето и пребива во него;

Сокриениот од оние што со оган зрачат се населува во срцето. Земјата не може да издржи под Неговите стапала, а чистото срце Го носи во себе.

Небото е мало за Неговите дланки, а срцето е Негово живеалиште.

Целата твар не може да Го смести во своите граници, но ако тоа го побара срцето Тој ќе се смести и во малото срце.

Мал простор одбира Бог во човекот за Свое живеалиште и човекот станува храм Божји, во кој пребива и живее Бог.

Душата е Негов храм, а срцето свет олтар на кој се принесуваат жртви на пофалба и славословија;
умот, пак, е јереј што таму стои и свештенодејствува…“

Свети Ефрем Сирин

Претходна статијаНо, Крстот Христов ни е прва љубов; и последна! – Дедо Наум – КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА
Следна статијаНОЌТА ВО ГЕТСИМАНИЈА – На Велики четврток…