Дома Останато Kалендар ВТОРНИК ОД СВЕТЛАТА СЕДМИЦА – Свето Евангелие според Лука Kалендар ВТОРНИК ОД СВЕТЛАТА СЕДМИЦА – Свето Евангелие според Лука 02/04/2021 1315 0 ВТОРНИК ОД СВЕТЛАТА СЕДМИЦА Свето Евангелие според Лука ( 24, 12-35) зачало 113: 12. Но Петар стана и отиде бргу до гробот, и кога се наведна, го виде внатре само покровот и се врати, чудејќи се сам во себе за она што станало. 13. Во истиот ден двајца од нив одеа во едно село, по име Емаус, кое беше оддалечено од Ерусалим шеесет стадии; 14. и зборуваа помеѓу себе за сите овие настани. 15. И кога разговараа и се запрашуваа еден со друг, Сам Исус се приближи и одеше со нив; 16. но очите им се замрежија за да не Го познаат. 17. А Он им рече: „Какви се тие зборови што ги разменувате помеѓу себе одејќи и зошто сте нажалени?” 18. Едниот од нив, по име Клеопа, Му одговори и рече: „Единствен туѓинец ли си ти во Ерусалим, та не си разбрал, што стана во него овие дни?” 19. И ги праша: „Што?” Тие Му одговорија: „Она што стана со Исуса Назареецот, Кој беше пророк, силен на дело и на слово, пред Бога и пред сиот народ; 20. дека нашите првосвештеници и управници Го предадоа да биде осуден на смрт и Го распнаа; 21. а ние се надевавме оти е Он Оној што треба да го избави Израилот; но и покрај сето тоа, денес е веќе трет ден, откако стана ова. 22. А и некои жени од нашите нè исплашија; тие биле рано на гробот, 23. и не го нашле телото Негово; и кога се вратија, рекоа дека им се јавиле ангели и дека им кажале оти е Он жив. 24. Отидоа на гробот и некои од нашите и најдоа исто така, како што рекоа жените; но Него не Го виделе.” 25. Тогаш им рече: „О, безумни и тврди по срце, да верувате во сè што рекле пророците! 26. Не требаше ли така да пострада Христос и да влезе во Својата слава?” 27. Па, како почна од Мојсеја и од сите пророци, им зборуваше што е кажано за Него во целото Писмо. 28. И тие се приближија до селото, во кое одеа; а Он се направи како да сака да продолжи. 29. Но тие Го задржаа, велејќи: „Остани со нас, оти денот превали и наскоро ќе се стемни!” Он влезе и остана со нив. 30. А кога седеше со нив на трпеза, зеде леб, го благослови, го прекрши и им подаде; 31. тогаш им се отворија очите и тие Го познаа; но Он стана невидлив за нив. 32. И си рекоа еден на друг: „Зар не гореа срцата наши, кога ни зборуваше по патот и кога ни го објаснуваше Писмото?” 33. Па во истиот час станаа, се вратија во Ерусалим и ги најдоа собрани единаесетте и оние што беа со нив, 34. каде што говореа дека Господ навистина воскреснал и му се јавил на Симона. 35. И тие кажаа за она, што им се случи по патот и како Го познаа, кога го прекршувал лебот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ Kалендар ДВЕТЕ ЛЕПТИ – вдовицата „пушти повеќе од сите“! Kалендар Сретение и соединување со Бог – преку Светата Причест Kалендар 28. Недела… Дедо Наум – „Господи, просветли ја мојата темнина!“ Kалендар ЗА ЛОШИТЕ ЛОЗАРИ НИЗ СИТЕ ВРЕМИЊА (д. Наум) Kалендар Идоли, идоли, идоли… (27. Недела) Митрополит Наум Kалендар 26 Недела по Педесетница (Д. Наум) Како навистина да станеме бог(ати)? Kалендар Покајанието ја симнува целата небесна радост на земјата…(Д. Наум) Kалендар 25. Недела по Педесетница- Милостивиот Самарјанин – Христос (Д. Наум) Kалендар Св. 15 Тивeриoпoлски (Струмички) свeшт. маченици. (Од Православниот календар) Kалендар „Не знаете од каков Дух сте вие“.“ (Митрополит Наум) Kалендар Светиот апостол и евангелист Лука (Од Правосл. календар) Kалендар „И ако ги сакате оние, што вас ве љубат, каква ви е наградата?“ (Митрополит Наум)