Свети Јован Дамаскин вели вака:

“Доброто не е добро, ако не се прави на добар начин”.

Да речеме, да ви дадам еден пример:

Некој пости и не јаде, но озборува и љубомори некому. Каква корист од телесниот пост, ако не е соединет co него и душевниот пост?

Или пак, дава милостина, но од украден имот.

Или пак, прави добро дело, но се гордее, го измешува co празнославие, co гордост.

И повторно ѓаволот му ја погубува платата. Значи, прави добро дело, но тоа не е добро, бидејќи е измешано co злото.

Или пак, прави добро дело co зла цел.
Доброто дело правено co зла цел преоѓа на страната на целта, па ако целта е зла, тогаш и доброто дело станува зло.

Ако, пак, целта е добра, тогаш и доброто дело останува цврсто и добро.

Исто така, кога некој прави милостиво дело co цел луѓето да го пофалуваат или делотвори молитва или пости или некое друго добро дело кое не е насочено кон славата Божја, туку кон некоја друга световна цел, тоа добро дело е без душа.

Тоа е мртво.

Доброто дело има и тело и душа.

Телото на доброто дело е неговото дејство, а неговата душа или живот е целта, ако целта е добра и праведна…“

Претходна статијаДедо Наум „…Ти дојде ли мисла за судење, веднаш моли се!“
Следна статијаВреме ни е да плачеме! ( Свети Јован Златоуст)