ВТОРА СТАТИЈА

Глас 5.

Достојно е, Животодавче да те славиме,
Ти Кој го возвеличи успението
на Твојата Мајка Чиста.

73. Твоите раце ме создадоа и ме
изградија: вразуми ме, и ќе се научам на
Твоите заповеди.

Достојно е, да те величаме, Богородице,
тебе која душата божествена и непорочна
во рацете на Бога ја положи.

74. Оние, кои се бојат од Тебе, кога ќе ме
видат ќе се зарадуваат, затоа што се
надевав на Твоите зборови.

О, чудо ново! Дверите во двери одат,
небото во небо,
и Престолот Божји на Престол Божји

75. Знам, Господи, дека Твоите судиви се
праведни, и според Твојата
справедливост Ти ме казни.

Застанаа и се зачудија сите ангели,
гледајќи Го Христа Бога – Непристапниот,
како пристапува кон Мајката и чест ѝ оддава.

76. Па нека ми биде милоста Твоја утеха,
според Твоето слово кон Твојот слуга.

Се исплаши, гледајќи Го со трепет Бога,
Кој пак слегува и душата на раце ја прима
и се вознесува во слава божествена.

77. Нека пријде на мене Твојата
штедрост, и јас ќе живеам, зашто законот
Твој е утеха моја.

Небо, ужасни се,
и ти земјо, чуј ги зборовитеː
– Бог, Кој е над сѐ, отпрвин слезе
и сега вторпат на земјата заради Мајката.

78. Нека се посрамат горделивите, зашто
неправедно и без вина ме обвинуваат.

Кога Премудроста
го пренесе домот Свој од земјата,
во домот Свој наднебесен,
го исполни со славата божествена.

79. Нека се обрнат кон мене, они што се
плашат од Тебе и кои ги знаат Твоите сведоштва.

Богоневесната Дева не слезе од небото,
но на небесата се искачи
како родилка на Небесниот Цар.

80. Нека биде срцето мое непорочно во
Твоите наредби, та да не се посрамам.

Сега небото стана проодно и за луѓето,
затоа дојдете сите Христоносци
да се издигнеме со Богомајката.

81. Копнее душата моја за Твоето спасение;
јас се надевав на Твоите зборови.

На земјата израсна,
земјо Господова неорана,
израстувајќи Го Класот на животот
и во небесната татковина си изникнала.

82. Очите мои попуштија од желба за
Твоето слово велејќи: кога ќе ме утешиш?

Некогаш сонцето
Го виде зајдено Сонцето на правдата,
сега ја гледам и Месечината како заоѓа,
Дева и Мајката на Светлината.

83. Зашто станав како мев на мраз, но
Твоите наредби не ги заборавив.

Гробот темен ја покри густата
и несечена гора Господова,
која небесата ги покри со добродетел.

84. Колку се дните на Твојот слуга? Кога
ќе извршиш суд над моите гонители?

Иако, Дево,
си преминала од земјата на небесата,
сепак, целата земја се радува
и го слави твоето успение.

85. Законопрестапниците се подигруваат
со мене спротивно на Твојот закон.

Иако, Дево, во небесата се заклучи
твоето нетлено тело
благодатта твоја се излеа –
го исполни лицето на земјата.

86. Сите Твои заповеди се вистина.
Неправедно ме гонат: помогни ми!

Во песни кон Бога, молитви и постови,
минувајќи ги овие денови,
Дево, си го очекувала успението.

87. За малку ќе ме убиеја на земјата, но
јас не ги оставив Твоите заповеди.

Ти се радува душата
и лицето ти блеска светло,
тебе којашто одиш кај Господа,
сесвета Госпоѓо на верните.

88. Споерд Твојата милост оживи ме, и јас
ќе ги пазам сведоштвата
од Твојата уста.

Ете, ние верните,
надгробна песна исполнуваме за тебе,
почетоку на животот наш,
стоејќи побожно пред гробот твој.

89. Твоето слово, Господи, е засекогаш
утврдено на небото;

Ете, ние верните,
подранувајќи со љубов, те славословиме,
Владичице, Дево Непорочна,
го славиме твоето успение.

90. Твојата вистина е од род во род.
Ти си ја поставил земјата, и таа стои.

Дево, Богоневесто,
спомни нѐ во царството небесно
нас, коишто го опеваме
твоето успение.

91. Според Твоја волја постои денот.
Сè што постои, Тебе ти служи.

Силниот, како што претскажа за тебе,
сега те возвеличи, Пречиста Дево,
Создателот на небото и на земјата.

92. Да не беше Твојот закон утеха
за мене, јас ќе загинев во неволјата своја.

Сега претстојуваш
Пред Триипостасното Божество,
Гледајќи лице в лице,
А серафимите лицата ги покриваат.

93. Никогаш нема да ги заборавам Твоите
наредби, зашто преку нив ме оживуваш.

Сега небото се радува со земјата и ликува,
луѓето со ангелите се соединија
преку Чистата која се пресели на небо.

94. Твој сум јас, спаси ме, зашто ги барав
Твоите наредби.

Сега Јоаким се радува
со Ќерката своја и Богоотроковица,
вистински неискажлива и божествена.

95. Грешниците настојуваа да ме убијат,
но јас ги разбрав сведоштвата Твои.

Гетсиманија, денес се велича,
како царска одаја се почитува
– го прими блажениот и девствен гроб.

96. Го видов крајот на секое совршенство,
но Твоите заповеди се безгранични.

Пријдете, верници,
на светиот гроб на Господа
и на Неговата Сесвета Мајка
да се поклониме со страв и радост.

97. Колку го засакав, Господи, Твојот
закон; секој ден се поучувам од него.

Сите срдечно да го прегрнеме Ерусалим
и да ги видиме тајните Божји,
што се извршија заради нас.

98. Со Својата заповед Ти ме направи
помудар од непријателите мои, зашто таа
е секогаш со мене.

Ангелите, Пречиста,
го придружуваат твојот чесен гроб,
ко со молњи свештено просветлуван
со Божјата светлина.

99. Станав поразумен од сите учители мои,
зашто сведоштвата Твои се моја поука.

Се ужасија воздушните духови, Пречиста,
за твоето искачување на небесата
и затреперија од твојата сила.

100. Поумен станав од старците, зашто ги
сакам Твоите заповеди.

Затрепери сатаната
штом ја виде светлата слава нејзина
и, плачејќи и офкајќи, извикувашеː
– Што имаш ти со мене, Мајко Божја?

101. Ги задржувам нозете свои од секаков
лош пат, за да го пазам словото Твое.

Христово богатство!
О, неизмерна длабочино на љубовта!
Исполни ги и подземните
со преславното јавување на Мајката.

102. Од твоите судови нема да се
откажам, зашто Ти ме учиш.

Порано, заради нас, во адот Христос слезе;
сега, пак, Дева Марија се искачи
на небо за радост и помош наша.

103. Колку се слатки за грлото мое
зборовите Твои, послатки се од мед во
устата моја.

На Божјото слегување
и на твоето искачување, Дево,
се поклонувам, ги славам и почитувам
како причини за моето оживување.

104. Преку твоите заповеди станав разумен;
затоа го замразив секој
пат на неправда.

Чесниот појас,
како сведоштво за твоето заминување
со телото кај Бога, сега Дево,
му го врачуваш на Тома.

105. Твоето слово е светилник на нозете
мои и светлина за патеката моја.

Тома-Близнакот,
иако пак не стигна,
сепак за тајната се удостои,
како со преславното Христово воскресение.

106. Се заколнав и реков да ги пазам Твоите
праведни судови, и ќе ги исполнувам.

О, бунтовен
и непријателски роду еврејски!
Синот на крст си Го предал
и сега раце креваш на Мајката.

107. Многу сум нажален, оживи ме,
Господи, поради Твоето слово.

Како се осмели,
лукав, да се допреш до ковчегот,
од Ковчегот на Живиот Бог?
Но те постигнаа суд со отсекување.

108. Затоа, благослови, Господи, да
примиш доброволна жртва од мојата
уста, и научи ме на Твоите судови.

Долу апостолите те опколуваа, Пречиста,
а горе силите те пресретнуваа,
како Владичица на ангелите и на смртните.

109. Душата ми е постјано во Твојата рака,
но Твојот закон не го заборавив.

Со плач свештен извикуваа по Тебе, Девоː
-Како, Тебе Божја палато,
да те покриеме со земја како мртовец?

110. Грешниците ми поставија замка,
но јас не се отстранив од
Твоите заповеди.

Како на гробот да те предадеме, Чиста,
рају словесен на Синот и Словото,
надразумен и неискажлив.

111. Твоите сведоштва ги примив како
вечно наследство, зашто тие се голема
радост за срцето мое.

Утешувајќи ги богопроповедниците
со божествени поуки,
многу маки си разрешила, говорејќи
кон нив со лик мајчински, Богомајко.

112. Го натерав срцето свое да ги
извршува наредбите Твои како вечно
оправдание.

Чеда на Господа и на Синот мој!
Радоста на моето заминување кај Бога
не претворајте ја во плач со солзите.

113. Престапниците на законот ги
замразив, но Твојот закон го сакам.

Патеводителка кон Бога, еве, заминувам
од светот, а со вас сум секогаш во него,
со Господа, како што Он вети.

114. Ти си мој помошник и мој заштитник:
на Твојата слава се надевам.

Се плашиме, Пречиста, да се допреме до
сесветото, богоприемно тело,
ние твоите слуги, да ја погребеме,
Мајката на Животот.

115. Иставете се од мене беззаконици, за
да ги испитам заповедите на мојот Бог.

Каква облека, какво платно и мириси,
какви надгробни песни да принесеме,
на твоето погребение, Дево Пречиста?!

116. Застапи се според Твоето слово, и јас ќе
живеам; не посрамувај ме во надежта моја;

Царевите земски и богатите луѓе
се молат пред твојот лик, Дево,
како пред Ќерка на Царот Небесен.

117. Помогни ми, и ќе се спасам: и во
Твоите наредби постојано ќе се учам.

Бог на Земјата
како Младенец се одмараше кај Мајката,
сега, пак, на небото ќе се одмара
и ќе се весели Мајката кај Бога.

118. Ти ги презираш оние, кои
отстапуваат од Твоите наредби, зашто
нивните мисли се неправедни.

Сега Марија се весели, гледајќи Го
сенепорочното тело на Господа, на
Престолот Божји – обожено.

119. Сите грешници земни ги сметам
како престапници, затоа засекогаш ги
засакав Твоите сведоштва.

Таму, Дево, слушна неискажливи зборови,
Бог ти ги покажа непознатите работи
и тајните на премудроста.

120. Од страв пред Тебе трепери телото мое,
и од Твоите судови се плашам.

Од земјата се зема
преславниот град Господов,
за којшто преславно се зборуваше
и се воведува во домот Божји.

121. Јас вршев суд и правда; не предавај
ме на оние што ми чинат неправда.

Од земјата се зема
Неосквернетата и Девствената;
од неа се создаде новиот Адам,
Создателот на Адама праотецот.

122. Прими го Твојот слуга за негово добро,
та да не ме клеветат горделивите.

Божја колесница сега е небото,
десетилјадно Светата ја прима,
со илјадници ангели, преславно.

123. Очите ми копнеат, очекујќи го
спасението од Тебе, и словото на
Твојата правда.

Денес од земјата,
чистиот и сесвештен Лик,
новоподобно се вознесува
таму каде што престојува првообразот.

124. Постапи со Твојот слуга според
милоста Своја и научи ме на
Твоите наредби.

Ликот добросоздаден,
со преизобилна убавина од земјата,
сега Бог богоподобно
го поставува на небото.

125. Слуга Твој сум јас: вразуми ме и ќе
ги познаам сведоштвата Твои.

Книгата Таинствена,
во која се напиша Божјото Слово,
во рацете на Бога се поставува
за пишување на тајните небесни.

126. Време е, Господи, да се дејствува:
Твојот закон го разурнаа.

Како гулабица ранета од љубовта, Дево,
престолот Божји го надлетуваш,
откако одлета од гнездото на земјата.

127. Затоа ги засакав заповедите Твои и
од топаз и од злато повеќе.

Прекрасна Марие,
Сецарице на земјата и небото,
воведи ги во царството тие
што го слават твоето успение.

128. Затоа се управував според сите
Твои заповеди и патот на неправдата
го замразив.

Заспиј, Пречиста,
со твоето живоносно успение;
стиши ги соблазните во Црквата
и утврди ја, како добра.

129. Прекрасни се Твоите сведоштва:
затоа душата моја ги испитуваше.

Сега го воспеваме
твоето успение и погребение,
Пречиста, и сите верно те величаме,
преку твојата Рожба од смрт избавени.

130. Објавувањето на Твоите зборови ги
просветува и вразумува младите.

Тебе, чесен одару, свет и богоприемен,
гледајќи те чесно на одарот,
апостолите извикуваа со плачење.

131. Ја отвори устата моја и воздивнав,
зашто жеден сум за Твоите заповеди.

Притегни, Пречиста
Приснодевствена Дево Марие,
и успевај, и царствувај
со Бога во вечни векови.

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Боже Беспочетен,
Соприсносушно Слово, и Душе Свети,
издигни ја славата на христијаните,
зашто си Семилостив и Добар.

И сега, и секогаш, и во вечни векови.
Амин!

Сенепорочна, Чиста Дево,
што Го роди Животот,
и кај Животот што се пресели,
за живот вистински удостој ги сите
верници.

И повторно, вториот хор,
првиот стихː

Достојно е, Животодавче да те славиме.
Ти Кој го возвеличи успението
на Твојата Мајка Чиста.

Потоа, мала ектенија и возгласː

Зашто
се свети
и се прослави
Твоето сечесно и великолепно име,
на Отецот, и Синот, и Светиот Дух,
сега и секогаш,
и во вечни векови.
Амин!

И, откако јерејот ќе покади
првиот хор
ја започнува
третата статија.

Изворː СТАТИИ НА УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА, Бигорски манастир – св. Јован Крстител, 2010

 

Светланка Трајчева

Претходна статијаПреподобен Григориј Синаит
Следна статијаЈас сум и Вратата и добриот Пастир (Митрополит Наум)